Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Покрената е постапка за дисциплинска одговорност против Петар Богојески поради ксенофобични објави

0
By НОВА ТВ on May 20, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Покрената е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност од страна на Министерството за одбрана против лидерот на здружението „Македонски Концепт“, Петар Богојески заради ксенофобични објави на Фејсбук. Богојески е државен советник за недвижности и правни работи во Министерство за одбрана.

„Министерството за одбрана не толерира било каква форма на дискриминација а административните службеници во јавните настапи на социјалните мрежи или во каков било друг облик на комуникација, треба да претставуваат пример за соодветно и достоинствено однесување“, кажаа од Министерството за одбрана за ТВ21.

Во манифестот на веб страната на здружението „Македонски Концепт“ се вели следното: „Тоа е платформа којашто обединува, којашто не прави разлики на нашите етнички, религиозни или политички идентитети.“

Денес Богојески исто гостуваше на ЦИВИЛ Медиа за да зборува за извештај кој го изработило здружението „Македонски Концепт“ на темата говор на омраза – на истиот ден кога е покрената официјалната постапка од МО.

Пред само два дена пред оваа постапка реагираше , граѓанското движење кое се бори за правата на Ромите. АВАЈА го пишува следното за Богојески:

„Граѓанското движење АВАЈА реагира на јавните расистички објави кои лидерот на “Македонски Концепт”, Петар Богојески во последниот период ги споделува на својот Фејсбук профил при што јавно ги навредува Ромите и шири говор на омраза кон различни групи на граѓани. Ваквото однесување на една јавна личност е крајно неприфатлива и деградирачка, особено ако се знае дека Петар Богојески е вработен како Државен советник во Министерството за одбрана. Бараме од Министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска да реагира и преземе сите чекори за дисциплинска постапка против Петар Богојески.“

Постојат и повеќе проблематични објави на Богојески, како неговата поддршка за забрана на бурки и Закон за заштита на државноста на Републиката. Во пост од 10ти мај на Богојески дури повикува на насилство кон не до крај јасни групи на луѓе кои тој ги смета за полоши од „нормалните“. Тој го пишува следното:

„Ајде да повториме!!!
Попаметниот НЕ, НЕ, НЕ и НЕ попушта!!!
Не и никогаш!!!

Вината за што сме во ваква состојба, зашто живееме во беда и болести, несреќни и потиштени е кај барабите, кај амебите, кај гнидите, кај простаците, кај лебарките…

Тие простаци се нахални, секаде и секогаш!
Тука на ФБ ако забележите простак, никако повлекување… расплачете му мамичето негово… нека се сокрие барабата!
Ако во Банка или Пошта налета нахален простак… не му отстапувајте место… сите заедно нормални соберете го на клоци… згазете ја лебарката!“

АВАЈА конкретно го објавија следниот коментар на Богојески на нивната веб страна како пример за говор на омраза:

МО реагираше прилично брзо со покренувањето на постапката, но во меѓу време Богојески ја нападна активистката Мерсиха Смаиловиќ која ја имаше споделено реакцијата на АВАЈА, како и свој став за конфликтот во Израел и Палестина. Богојески ги исмејуваше поддржувачите на Палестина и ги споредува со ИСИС и екстремни исламисти. Исто така Богојески го користи зборот „бубашваби“ и го пишува следното: „Се е тоа багра исламистичка, која си го покажа лицето за само 24ч!!! Македонија со САД и останати НАТО патнери, треба да расчисти загаден терен од тие бубашваби!“

Овој статус кој е придружен со слика од човечка силуета која наликува на исламистички милитант што држи огнено оружје. Во овој пост Богојески исто така ја споменува Мерсиха Смаиловиќ пишувајќи „Шта каже Мерсиха о томе?!?“

Смаиловиќ зборуваше за нападите на Богојески во интервју со Дијана Тахири за ЦИВИЛ Медиа. Смаиловиќ го кажа следното:

„Тоа што се случува во светот во моментов, а тоа е војната помеѓу Израел и Палестина, односно нападите врз Газа, и јас, нормално, си го искажав јавно мојот став. (…) Но, политичкиот лидер и вработен во Министерството за одбрана г. Петар Богојески тоа го искористи за конечно да добие некакво внимание од јавноста, почна да ме напаѓа, да ме тагнува  на своите постови, да го поистоветува мојот активизам со активностите на ИСИС, и мојата осуда на теророт што се случува врз палестинското население, бидејќи според него сум дел од нив и слично. Значи ме поистовети мене со ИСИС, и тоа во неколку наврати на неговиот личен профил, на неговата Фејсбук страница, и на страницата на неговата политичка партија. Што значи дека ако пропуштите да видите кај неговиот профил, ќе видите на другиот.“

Смаиловиќ веќе го контактирала Хелсиншкиот комитет за човекови права каде била упатена да бара правда за овој инцидент врз основа на лична навреда и случајот би бил третиран како граѓански спор, а не говор на омраза. Во интервјуто со ЦИВИЛ, Самиловиќ вели дека планира да ги следи советите на Хелсиншкиот комитет и потенцира дека треба МНР и Јавното обвинителство. За сега се превземени мерки само од Министерството за одбрана против Петар Богојески.

 

Елена Гаговска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.