Францускиот неделник L’Express покрена иницијатива за одобрување на азил на поранешниот консултант на NSA Едвард Сноуден, јавува AFP.
На Сноуден на почетокот на август му истекува правото на азил во Русија па службено барање за азил веќе истратил до Бразил.
„Франција, земјата на човекови права и слободата на говорот, има посебна обврска кон Сноуден бидејќи нејзиниот устав предвидува дека „секој кој е прогонет поради своето делување во име на слободата, има право на азил во подрачјето на Републиката“, се вели во прилогот на неделникот кој ќе излезе утре од печат, која ќе биде отворена и петицијата на интернет страницата Change.org.
Текстот веќе го потпишале педесетина угледни луѓе, меѓу кои се поранешниот премиер Мишел Рокард, социологот Едгар Морин и филозофот Лук Фери.
Сноуден во САД е обвинет за шпионажа и кражба на државни документи.