Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Полицијата со сила симнувала мигранти од воз во Демир Капија

0
By Менче Атанасова Точи on May 26, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Група мигранти биле насилно исфрлени од воз од страна на полицијата на железничката станица во Демир Капија, тврдат во невладината организација „Легис“, како и патници кои биле во возот.

Очевидци на настанот велат дека станува збор за стотина мигранти кои со употреба на сила биле симнувани од возот кој доаѓал од Грција и се движел во правец на Скопје. Тие велат дека мигрантите меѓу кои имало и жени и деца биле симнувани со сила, со употреба на брутални мерки од страна на полицијата.

Фотографиите кои се појавија на социјалните мрежи се направени од активист на невладина организација кој откако реагирал кај полицијата имал дополнителни проблеми.

На една од фотографиите се гледа како полицајци со пендреци и калашникови во раце придружуваат татко со дете, кое го гушнало преплашено. Од невладината организација „Легис“ го повикуваат МВР да го испита случајот.

„Бараме МВР да ги истражи постапките на полицајците, да испита дали биле нарушени правата на жените и децата кои се пропишани со меѓународни конвенции. Потребна е итна промена на Законот за азил и тренинг обука на полицајците“, изјави за НОВА Мерсиха Смаиловиќ од невладината организација „Легис“.

НОВА побара објаснување од МВР за синоќешната акција на полицијата. Од таму велат полицијата дошла по наредба, откако граѓанин пријавил дека во возот се наоѓаат мигранти.

„Во МВР дојде пријава дека во возот има мигранти, по што полицајците по наредба се обиделе да ги симнат. Но, откако тие се оглушиле на наредбата да излезат од возот, биле извлечени од страна на полицајците. Станува збор за поголема група на мигранти од кои повеќето се разбегале, а 13 од нив побарале азил и сега се наоѓаат во полициска станица. Тие денеска ќе бидат префрлени во прифатниот центар во Гази Баба“ , изјави за НОВА Деана Недељковиќ, советник во Секторот за односи со јавност во МВР.

Македонија во последните месеци се најде на ударните вести на сите светски медиуми како земја во која мигрантите се третираат нечовечки и нехумано од страна на државата.

Миграните гинат по пругите, а доплнителен проблем е што не си ги знаат своите права, односно нема кој да им ги каже кога ќе влезат во државата. Не знаат дека може да побараат престој во државата, немаат право на превоз со автобус или воз и затоа се движат ноќе по железничките пруги кои им се патоказ кон Србија, а од таму на пат кон Европа.

На тоа патешествие се изложени на напади од разни банди и криминалци кои ги пљачкосуваат. Официјално досега на пругите загинале 28 мигранти.

Последната жртва е момче на 16 годишна возраст од Авганистан. Момчето беше прегазено од воз во неделата, во близина на пругата на Демир Капија. Пред неполн месец воз прегази 14 мигранти.

Оние пак, што ќе побараат азил се соочуваат со нечовечки и сурови услови во прифатните центри. Мигрантите таму остануваат со месеци, во услови кои се полоши од македонските затвори.

Хелсиншкиот комитет постојано укажува на нечовечките услови во кои се третираат миграните во нашата држава.

„Во Член 29 од Уставот на РМ стои дека странците уживаат слободи и права гарантирани со Уставот, под услови утврдени со закон и меѓународни договори. Македонија како потписник на Европската конвенција за човекови права, покрај тоа што има обврска да се воздржи од одземање на животот, мора да преземе и соодветни чекори преку кои ќе ги заштити животите на оние лица кои се наоѓаат на нејзината територија. Ова особено се однесува на ситуации во кои државата е запознаена дека постојат ризици кои можат да доведат до губење на човечки животи. Истата обврска се однесува и на превенцијата и заштитата од тортура на сите лица кои се лишени од слобода“, велат во Хелсиншкиот комитет.

Невладините бараат промена на законската регулатива, со што мигрантите ќе можат слободно да транзитираат преку државата, а ќе се намали и бројот на банди кои организирано ги кријумчарат или ги пљачкаат. бегалците.

Од таму велат дека Македонија не е подготвена за новиот бран на бегалци кои доаѓаат од земји зафатени со војна или бегаат од сиромаштија од земјите на Западна Азија и Централна Африка и на пат кон подобар живот транзитираат преку нашата држава.

Според последните информации само во текот на викендот во Грција пристигнале 1200 мигранти.

После Италија, Грција е главна дестинација за бегалците кои бараат подобар живот во земјите од ЕУ. Само оваа година во Грција пристигнале околу 30.000 мигранти.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.