НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Политичките сигнали се од огромна важност за слободата на медиумите

0
By Светлана Јовановска on March 5, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Нилс Муижиниекс, на крајот на овој месец, го завршува својот шестгодишен мандат во оваа институција. Мисијата на овој латвиско-американски борец за човекови права ќе ја превземе Дуња Мијатовиќ која досега се бореше за слободата на медиумите во ОБСЕ.

Балкан Прес:

Во Србија Александар Гајовиќ во интервју изјави дека новинарите се виновни што не се безбедни и дека тие треба сами да се штитат како и секој друг. Тој изјави и исто така дека кога медиумите известуваат за закани врз новинари треба да добијат изјава и од другата страна. Вие неодамна бевте во Србија. Па каков е вашиот коментар на овие изјави?

Муижиниекс:

Во земјите каде што има закани врз новинарите секогаш сум подвлекувал дека е одговорност на политичарите тоа да осудат ги безусловно и недвосмислено. Да не прават обиди да објаснуваат или минимизираат сериозните закани против новинарите.

Новинарите играат страшно значајна улога во општеството со тоа што бараат одговорност од владата, се борат против корупцијата и откриваат нарушување на човековите права. Без работата на новинарите тешко е да се замисли слобода на изразувањето. Владата е должна да ја штити работата на новинарите. Тоа значи осуда на напади, пронаоѓање на напаѓачите и нивно казнување и да обезбедат закони што ја поддржуваат работата на новинарите.

Оваа тема ја отворив во Србија со премиерката и министерот за култура. Тие ми тврдеа дека осудуваат такви настани но јас им реков дека сите високи функционери треба да зборуваат во еден глас со иста осуда и да бидат сигурни дека новинарите се чувствуваат безбедни и да не чувствуваат загрозени токму од политичарите.

Балкан Прес:

Како би ја опишале состојбата со медиумите во Србија?

Муижиниекс:

Сигналите што го добив беа неверојатно контрадикторни, сигнали од владата и од медиумските организации. Владата тврди дека го прави тоа што треба со приватизација и медиумска стратегија и дијалог со медиумските организации но дека новинарите не соработуваат. Од друга страна новинарите велат дека говорот на политичарите ја доведува во опасност работата на новинарите, дека е лимитиран нивниот пристап до информации на многу начини но особено информациите што водат во откривање на корупција или кај војската и полицијата, дека тие се под притисок, не само од атмосферата што ја создаваат некои политичари туку и од економската ситуација. Приватизацијата, интернетот и економската криза создаваат особено тешка економска средина за новинарите.

Балкан Прес:

Значи владата е таа што треба да обезбеди сигурна клима за работата на новинарите?

Муижиниекс:

Да, одговорност на владата е да создаде подобра средина во која новинарите треба да работат. И дадов неколку сугестии на владата. Една од нив, што се однесува до заканите, не се однесуваше само на изјавите на функционерите што праќаат негативни сигнали, туку употреба на платформата на Советот на Европа. Има платформа на која новинарите можат да напишат со какви проблеми се судираат и тоа е еден вид аларм пратен до владата на кој таа треба да одговори. Кога бев во Србија имаше 12 вакви аларми на платформата а владата има одговорено само на четири. На владата и реков дека мора систематски да одговори на сите овие аларми што доаѓаат од медиумите. Јас добив информации од МВР за некои од заканите и ги прашав во владата зошто тие информации не ги постираат на платформата. Се надевам дека тоа ќе го направат бидејќи тоа е добар сигнал испратен до новинарите, да им стави на знаење дека владата е во тек и дека е подготвена со нив да ги сподели информациите.

Втората работа е медиумската стратегија. Некои новинари ја напуштиле дебатата за оваа стратегија но од министерството за култура чув дека некои од нив продолжуваат да учествуваат но зад сцената. Сега кога нацртот на стратегијата е објавен, верувам дека владата ќе ги слуша внимателно на професионалните организации и дека ќе донесе амандмани според нивните забелешки. Ако новинарските здруженија не се чувствуваат како сопственици на таа стратегија, тогаш таа едноставно нема да функционира.

Балкан Прес:

Каква е медиумската ситуација во Босна? Таму има напади врз новинарите и многумина тврдат дека владата е одговорна за тие напади.

Муижиниекс:

Ситуацијата во различните делови на Босна и Херцеговина е различна. Бев шокиран кога ги видов резултатите на една анкета во Република Српска, резултати што покажуваат дека нападите и заканите можеби се оправдани. Тоа покажува дека атмосферата таму е полоша отколку во други делови и ја покажува одговорноста на тамошните власти.

Повторно, и таму, како на други места во регионот, проблем се политичките сигнали, откривањето и казнувањето на авторите на тие напади и тоа проблем.

Друг голем проблем во БиХ е финансирањето на јавниот сервис кој е тешко задолжен и не функционира како што би требало да функционира. И ова е одговорност на политичарите коишто треба да најдат решение. Овој национален сервис би требало да игра важна улога во државата а не само тие во кантоните и јазични заедници. На БиХ и треба сервис што обединуван и што емитува на сите јазици што се зборуваат во земјата. Политичарите ги советувам во таа насока но досега не сум видел подобрување.

Балкан Прес:

Граѓаните на БиХ очекуваат многу и меѓународната заедница. Дали е тоа очекување оправдано?

Муижиниекс:

Многу земји очекуваат многу од меѓународната заедница. Мојата улога е да помогнам, да најдам законска и политичка муниција за луѓето што се борат за човекови права. Мојата работа е нивна поддршка. Да се креира атмосфера во која тоа е можно. Но тоа е, на крајот, одлука на локалните власти. Ако не сакаат да ги применат советите што ги даваме, ние не можеме да тоа да им го наметнеме.

Балкан Прес:

Во БиХ човековите права често се нарушуваат, слободата на медиуми страда, има сегрегација во образованието… Дали тоа е неуспех и на меѓународната заедница?

Муижиниекс:

Во БиХ и други земји во регионот има два приоритети – транзициона правда и медиумска слобода. Меѓународната заедница може многу да помогне. Во транзиционата правда видовме дека многу прашања, како на пример домувањето за раселените лица, можат да бидат решени. Нешто слично видовме и за исчезнатите лица во регионот. Или за воените злосторства каде што баравме барем да им се дава микрофон на кој ќе се правдаат и ќе ја глорифицираат својата акција. Не го сакате Судот во Хаг? Ок. Сметате дека е пристрасен? И тоа е ок. Но не им давајте платформа на осудените лица за воени злостроства затоа што тоа е болно и навредливо за нивните жртви и лошо влијае на помирувањето. Тоа е чекор назад. Да, меѓународната заедница има голема одговорност но и локалните власти исто така.

Ми беше драго што во Јајце слушнав, од млади луѓе, дека не сакаат на учат во сеграгациски училишта и дека сакаат да учат со нивните пријатели од други заедници. Сите тие млади бараат да престане сегрегацијата. И бараат од постарите да престанат да ги повторуваат нивните грешки.

Минатата година ги посетив сите земји од регионот и видов дека Европа мора да посвети многу повеќе внимание на овие земји. Затоа што во некои случаи регионот се враќа назад. Треба да помогнеме повеќе и да дадеме строга љубов на власта. Тоа ќе им помогне да одат напред.

Балкан Прес:

Во Македонија има нова влада со која имавте средби за време на вашата посета пред неколку седмици. Па истото прашање и за Македонија – каква е состојбата со медиумите?

Муижиниекс:

Во Македонија не добив сигнали за закани врз новинари како во Србија или БиХ. Но чув дека има притисок врз некои медиуми и новинари. Сепак, се чувствува дека атмосферата е сменета и тоа е охрабрувачки. Она што повеќе загрижува е сегрегацијата која е се продлабочува. Има етничка и јазична поделба, особено кај младите, и тоа е загрижувачки. Тоа беше фокус на мојата последна посета.

Балкан Прес:

Во вашиот извештај за Македонија велите дека нема многу напредок во борбата против говорот на омраза. Тоа значи дека институциите на новата влада не превземаат доволно силна акција?

Муижиниекс:

Во Македонија зборував за говорот на омраза помеѓу етничките заедници. Насекаде во регионот тоа е проблем и мора да се сфати многу посериозно. Тешко им е на луѓето да живеат, работат, одат на училиште заедно ако не се чувствуваат безбедни и во тој поглед ситуацијата не е сменета. Многумина се надеваат дека новата влада тоа ќе го смени. И јас се надевам. Тука и полицијата има важна улога. Ако таа ја врши својата работа како што треба, тогаш и луѓето ќе се чувствуваат безбедни.

“Проектот е финансиран од Европската унија преку програмата за мали грантови „Заштита на медиумските слободи и слободата на говор во Западен Балкан“ имплементиран од Здружението на новинари на Хрватска како дел од Регионалната платформа за застапување на медиусмките слободи и безбедност во Западен Балкан во партнерство со шест организации од регионот (Независното здружение на новинари од Србија, Здружението на новинари од БиХ, Хрватсото здружение на на новинари, Здружението на новинари од Македонија и Унијата на медиумите од Црна Гора”. 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.