Нема да има отпуштања од работа од Специјалниот завод во Демир Капија, тврдат од Министерството за труд и социјала по сознанијата дека вработени од овој завод ги дезинформалирале и изманипулирале жителите на Тимјаник. Има ли политичка заднина неприфаќањето на четирите деца со попреченост кои треба да бидат сместени во мал групен дом во Тимјаник?

Се смирува ли тензијата во ова неготинско село? Како Неготино од лидер во оваа област стана мета на јавноста? Како живеат лицата со попреченост кои веќе се интегрираани во општеството со помош на невладината организација Порака-Неготино, а како тие во Специјалниот завод во Демир Капија? Што предвидува проектот на Министерството за труд и социјална политика.

На оваа тема дебатираат Душан Томшиќ посебен советник во кабинетот на министерката труд и социјална политика, Александра Велковска директорка на Специјалниот завод во Демир Капија, Лолита Ристова раководител на одделие за локален економски развој во Општина Неготино и Гоце Николовски раководител на станбени заеднци за домување и поддршка –Порака Неготино.