Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Полицијата во Молдавија соопшти дека спречила заговор за немири со поддршка од Русија

0
By Marta Pesevska on March 12, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Полицијата во Молдавија соопшти дека спречила заговор на група поддржана од Русија специјално обучена да предизвикува масовни немири за време на денешниот протест во главниот град Кишињев против новата прозападна влада.

Началникот на полицијата Виорел Чернаутеану изјави дека таен агент се инфилтрирал во група „саботери“, од кои некои биле руски државјани, на кои им биле ветени 10.000 долари за организирање „масовни немири“ за дестабилизација на Молдавија за време на протестите. Тој рече дека се приведени седум лица.

Дополнително, полицијата соопшти дека денеска уапсила 54 демонстранти, од кои 21 малолетник, кои имале „сомнително однесување“ или за кои било утврдено дека носат „забранети предмети“, меѓу кои и нож.

Денешниот протест е еден од неколкуте во последните недели организирани од група која себеси се нарекува „Движење за народот“ и поддржана од молдавската партија Шор, пријателски наклонета кон Русија, која има шест од 101 место во Парламентот.

Демонстрантите бараат владата целосно да ги плати сметките за струја и „да не ја вовлекува земјата во војна“. Тие постојано повикуваа претседателката Маја Санду да поднесе оставка.

Полицијата соопшти дека денеска биле регистрирани четири закани за бомби, вклучително и една на меѓународниот аеродром Кипињев, кои ги нарекоа „тековни мерки за дестабилизација“ во Молдавија, поранешна советска република со население од околу 2,6 милиони жители.

Граничната полиција на Молдавија, исто така, денеска соопшти дека неделава им забранила влез на 182 странски државјани, вклучително и „можен претставник“ на руската групација Вагнер, приватна воена компанија која се бори во Украина, соседот на Молдавија погоден од војна.

Пред неколку дена американските разузнавачи објавија дека утврдиле дека актери поврзани со руските разузнавачки служби планираат да ги искористат протестите во Молдавија, која е кандидат за Европската унија од јуни 2022 година, како основа за поттикнување бунт против владата.

Извор: МИА

заговор Молдавија поддршка од Русија полиција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.