Независниот синдикат на полицијата најавува протест барајќи да се почитува Законот за минимална плата и судските постапки да се спроведуваат во законски предвидените рокови.
Бараме да се почитува Законот за минимална плата и основната плата во полицијата да биде најмалку минималната плата! Бараме воедначување на судската пракса на целата територија на државата и спроведување на судските постапки во законски предвидените рокови! Вработените во полицијата не се службеници од втор ред. Законите не може да важат за полицијата само кога треба да нѐ казнуваат, се наведува во денешното соопштение од Синдикатот.
Протестот ќе се одржи на 12 мај во 12 часот пред судовите во Скопје