Затворска казна од шест месеци за Никола Ѓорѓиев, познат како Командант Коки, пресуди денеска скопскиот Кривичен суд.
Пресудата следи по обвинението дека Ѓорѓиев на 23 декември минатата година со прекумерна брзина им бегал на полицајците „Алфи“ кои се обидувале да го запрат. По повикување на засилување во слепа уличка бил застанат и Командант Коки, кој, како што стои во обвинението, повлекол еден од полицајците за вратот и му удрил бокс, по што полицаецот паднал на земја во бесознание.
„Според приложените докази не било возможно Георгиев со левата рака да го завлече полицаецот“, тврди Сашко Дуковски, адвокатот на Командант Коки.
Потресот на мозокот кај полицаецот, според адвокатот, бил констатиран според негов усмен исказ дека има вртоглавица, му се повраќа, и има главоболка.
До правосилноста на пресудата Никола Ѓорѓиев останува во притвор.