Полска вечер на „Охридско лето“ – настап на македонската филхармонија со солистите Александра Лелек – виолончело, Бартос Козаик – виолончело, Рафал Квиатковски – виолончело под диригенската палка на Кшиштоф Пендерецки.
Пендерецки е роден на 23 ноември 1933 година, а неговиот татко многу рано му овозможил на синот контакт со музиката. На 18 години, тоје примен на конзерваториумот во Краков, истовремено студирајќи филозофија, историја на уметноста и историја на литературата. Во 1958 г. по завршувањето на студиите тој стана професор на Musikhochschule.
Пендерецки е на водечки позиции во академските и други институции во Германија, Литванија, Австрија, Хонг Конг, Шпанија и Летонија и прогласен е за почесен член, почесен доктор и почесен професор на бројните водечки академии во Лондон (Кралската Академија на музиката), Рим, Стокхолм, Берлин, Буенос Ајрес, Пекинг, Вашингтон…