Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Помалку новозаболени и приеми во болниците, маските остануваат, а можни се патувањата и свадбите

0
By НОВА ТВ on May 20, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бројот на новозаболени се намалува, намален број има регистрирано и кај приемите на болни во болниците, но имаме зголемен интерес за вакцинација и мерки кои остануваат да важат до 1 јуни. За ослободување од маските е рано, но може да се очекува организирање свадби и прослави во угостителските објекти само на отворено со протоколи, како и патувања во странство со најавата за издавање ковид пасоши од следната недела.

-Бројот на новодијагностицирани случаи со коронавирусот навистина е мал и тоа се чувствува по притисокот во болниците. Огромен број на ковид-центри се вратени во нормална работа, целата хируршка клиника, добар дел од интерните клиники. Во нормална функција е вратен и Центарот за рехабилитација во Козле и Детската болница во Козле, а веројатно до крајот на оваа недела во нормала ќе се врати целата зграда на интерните клиники, изјави вчера министерот за здравство Венко Филипче пред Арена А1 СЦ „Борис Трајковски“, кој додаде дека капацитетот на исполнетост во болниците во земјава е меѓу 20 и 30 отсто.

Бројот на новозаразени во вчерашното деноноќие е 87 заразени од направени 2953 тестирања. Починале 17 пациенти на возраст од 47 до 82 години, а оздравени биле 197. Вкупната бројка пак на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава заклучно со вчера е 422 и има околу 470 празни болнички кревети во ковид центрите.

Неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 10 до 16 мај 2021,  покажува при зголемен број тестирања од 6,3 отсто и тестирани вкупно 16773 материјали во лабораториите регистрирани се 674 нови позитивни случаи во земјата со намалување од 48,3 посто во однос на минатата недела.

Министерот Филипче се надева дека бројките ќе продолжат да се намалуваат и оти потоа ќе може да се размислува и зборува за олабавување на мерките, кои според заклучок на Комисијата за заразни блолести активните мерки остануваат во сила до 1 јуни. 

-Маските треба да продолжат да се носат и понатаму и сè уште е рано да се тргнат како мерка. Угостителските објекти да продолжат да работат само надвор, а по подолго време треба да се дозволат свадби со протоколи во однос на пополнетост на капацитети во надворешни услови, а не и внатре. Евентуално може да се излезе во пресрет на барање за зголемување на бројот на посетители на една маса, истакна министерот, кој додаде дека ако и понатаму продолжат да се намалуваат бројките на заразени со коронавирусот,  разумно и има логика да се ипмлементира од почетокот на јуни, но, како што рече, не може да тврди дека ќе биде така бидејќи за тоа треба да одлучи Комисијата за заразни болести.

Според Филипче, сите други протоколи во однос на организација на настани се многу соодветни и треба да продолжат и понатаму да се спроведуваат.  

Најави и дека  од идната недела во државава ќе се издаваат ковид сертификати со кои ќе може да се патува во европските држави.

– Ние следната недела ќе го издадеме и т.н. грин пас. Тоа ќе е оној електронски кју-ар код што ќе има податоци за вакцината, за ПЦР-тест и евентуално за антитела, па кој било од трите параметри, за да може патникот да ги има со себе ако се патува во која било европска земја, рече Филипче и наведе дека во пресрет на летната туристичка сезона, амбасадорите на 27-те земји на ЕУ ја одобрија препораката предложена од Европската комисија, а која не е обврзувачка за земјите членки.

Вакцинацијата во земјава се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а интересот за вакцинација секојдневно се зголемува. Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 376.793 граѓани.

Министерот оцени дека согласно најавените пратки и количини се прават  распоредите за имунизацијата која се одвива добро.

-Досега се вакцинирани под 200 000 граѓани од кои  30 000 се ревакцинирани и се аплицирани близу 220.000 дози. Сега се вакцинираат сите граѓаните кои се пријавени на системот и сајтот вакцинација.мк над 40 години и дополнително над 65 години од пријавените после 1 мај. Вакцините се  дистрибуираат согласно бројот на пријавени граѓани. Тече и вакцинацијата на пациенти на дијализа и со трансплантација, а понатаму и согласно одлуките на Комитетот  за имуизација и националната група ќе се прават распоредите и за следната недела, појасни Филипче.

Според него за  оваа и за наредната недела има сосема доволен број вакцини да се задржи сегашното темпо за вакцинација, а можно е следната недела бројката на дневно ниво да се големи заради тоа што доаѓаат на ред ревакцините.

Најави пристигнување нови 500 илјади вакцини од „Синовак“ на почеток на следниот месец и 100 илјади вакцини на Фајзер преку Ковакс системот, а сè уште нема динамика на пристигнување на вакцините од овој производител преку директниот договор. Посочи и дека има некои најави и за пристигнување повторно преку претставници од Руската амбасада за руската вакцина до крајот на мај, како и на оние по  10 илјади вакцини на Фајзер преку нашиот директен договор и ситемот Солидарност од ЕУ секој понеделник до крајот на мај.

Во државата вкупно се аплицирани 219.977 дози вакцини, а ревакцинирани се 33.831 граѓанин. Со последните бројки 43 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина и 33 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Од МЗ велат дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, односно во А1 СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица и Охрид.

Од почетокот на епидемијата во земјава вкупниот број на КОВИД-дијагностицирани лица достигна 154 891, а направени се вкупно 763 451 тестирања. Оздравени се 146 499 пациенти, починати 5249, а активни случаи има 3143.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.