НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Помилувања – второ полувреме

0
By Нова ТВ on July 9, 2018 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Беса Арифи, Вонреден професор на Универзитетот на Југо-Источна Европа

Грешите ако мислите дека Мицкоски навистина бара закон за амнестија за осудените, обвинетите и осомничените за крвавиот четврток, иако тој тоа самиот го кажа. Тоа е само негов блеф, мерење пулс да види какви ќе бидат реакциите во јавноста, иако би требало добро да знае какви ќе бидат тие реакции кога се споменува било какво простувење и заборавање на тоа што се случи на 27 април 2017 година.

Мицкоски добро знае дека таков закон за амнестија нема никогаш да помине во Собрание, во тоа исто Собрание кое крвнички беше нападнато пред малку повеќе од една година.

Се уште раните се многу свежи, и лузните се уште може да се видат на лицата на нападнатите пратеници. Новинарите и другите лица кои тој крвав ден беа присутни во Собрание уште не можат да ги преболат траумите. Сепак Мицкоски дрско, пред сите, на национална телевизија, се осмелува да бара амнестија за тој случај, бесрамно обидувајќи се истиот да го прикаже како политички монтиран. Па дури вика дека да бил на место на Зијадин Села, лично ќе го поддржал таквиот закон за амнестија!

Па тоа е врв на безобразно лицемерие!

Не, Мицкоски не бара амнестија, бидејќи знае добро дека тоа не може да го добие. Мицкоски бара нешто друго, нешто што тој е сигурен дека може да го добие, само не е сигурен дали може да го задржи. Мицкоски бара втора рунда помилувања. Ете тоа го бара. Може да го добие, бидејќи Иванов е се уште шеф на оваа држава и се уште има право да дава помилувања во спротивност со законот. Да, да, добро прочитавте, да даде помилувања не во согласност, туку во спротивност со Законот за помилувања.

Се уште нема ниту една државна институција која јавно, јасно и недвосмислено ја оспорува важноста на 41 одлука за помилување што Иванов ги потпиша на 12 април 2016 година за да ги повлече после според дополнувањето на Законот за помилување кое настапи во Мај истата година. Ниту една институција во земјата тие одлуки за помилување не ги прогласи за ништовни. Ниту една државна институција не констатираше дека членот 11 на Законот за помилување не постои, па оттука и 41 одлуки на Иванов од 2016 се ништовни, бидејќи беа засновани на непостоечки член. Разбирам дека тоа не можеше да се случи во 2016 година бидејќи имавме заробена држава. Меѓутоа, сега е 2018 година, а сепак нема ниту одлука на Уставниот суд за ништовноста на тие одлуки за помилување, ниту пак има автентично толкување на Собранието дека членот 11 на Законот за помилување не постои. Нема ниту обична судска одлука која ќе констатира ништовност на тие одлуки за помилување.

Во овој контекст, што би го попречил Иванов повторно да го направи тоа што го направи на 12 април 2016 година? Еднаш милостив, секогаш милостив, нели? Нема да му биде првпат на Иванов да постапи во спротивност со Уставот. Па тој тоа веќе неколку пати го направи, и со првичните помилувања, и со недавањето на мандатот, и со непотпишувањето на Указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците и Указот за прогласување на Законот за ратификација на Договорот за финално решавање на спорот со името.

Нема да му биде првпат на Иванов да го прекрши и Законот за помилување. Тој тоа одамна го направи уште кога помилуваше 56 лица, без претходна постапка, врз основа на непостоечки член и без никакво правно образложение. Ако тоа го направи тогаш, за лицата инволвирани во истрагите на СЈО, зошто не би го направил сега за сите инволвирани во настаните од 27 април, особено кога тоа им го должи, бидејќи со одбивањето да го даде мандатот за формирање на влада со некакви објаснувања за некои рокови и за некои платформи за кои тешко веќе некој зборува, тој самиот беше клучен фактор за тоа што се случи во Собрание на Крвавиот четврток.

Така, Мицкоски не бара закон за амнестија. Тој бара помилувања од Иванов. И има реални шанси да ги добие. Неговата несигурност е во фактот што тој не знае дали истите ќе може да ги задржи, бидејќи тоа не зависи од него, не зависи ни од Иванов, туку зависи од некои други институции. Зависи на пример од парламентарното мнозинство: Дали ќе дозволи и понатаму да постои таква “празнина” која Иванов итро би ја користел.

Зависи и од Уставниот суд и од другите судови дали ќе прифатат такви нови незаконски помилувања или ќе ги прогласат за ништовни. Дали таквите помилувања ќе поминат многу зависи од Владата, дали ќе прифати такво пазарење, на ти помилувања без реакции, еве ти успешен референдум. А најмногу ќе зависи од нас како граѓани, дали ќе дозволиме тоа да се случи и дали ќе проголтаме таков срам, повторно да ни се случува враќање во ерата на неказнивост, која ера сакам да верувам дека завршила еднаш за секогаш.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.