НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Попладнево во Софија слетуваат два авиона по 70 протерани руски дипломати

0
By Sashko on July 3, 2022 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Два авиони на Руската Федерација денеска во попладневните часови се очекува да слетаат на аеродромот во Софија за да ги однесат протераните 70 дипломати и вработени во руската амбасада и нивните роднини, јави БНР.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според непотврдени информации, вкупниот број руски државјани кои ќе ја напуштат Бугарија е над 100 лица. Двата лета се закажани за денеска попладне.

Бугарскиот премиер во заминување, Кирил Петков, на 28 јуни соопшти дека неговата земја протерува 70 руски дипломати и технички персонал од руската Амбасада во Софија. Исто така, се протерува и перосналот на руските генерални конзулати во Русе и Варна.

Главниот аргумент на бугарските власти за прогласувањето на повеќе од овие 70 руски дипломати за персона нон грата е тоа што тие се занимавале со активности некомпатибилни со нивниот дипломатски статус и со шпионажа.

Ова најмасовно протерување на руски дипломати од Бугарија доведе до влошување на односите меѓу владејачката партија „Промените продолжуваат“ и Бугарската социјалистичка партија, при што Корнелија Нинова побара премиерот во заминување да се повлече од функцијата кандидат за премиер во втората влада на неговата партија.

Истовремено, руската амбасадорка Елеонора Митрофанова и постави ултиматум на бугарската Влада да остави зад себе дел од дипломатите на нејзината земја и се закани дека Русија може да ги прекине дипломатските односи со Бугарија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Трамп – Путин: Светските медиуми оценуваат – ништо од договор

ВОЈНА ВО УКРАИНА August 16, 2025

СиЕнЕн:  „Ќе разговараме со вас многу наскоро и веројатно ќе се видиме повторно многу наскоро“,…

Белата куќа: Трамп ги информираше Зеленски и лидерите на НАТО за состанокот во Алјаска

August 16, 2025

Белград: Воени сцени во центарот на градот

August 16, 2025

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

August 15, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.