И покрај тоа што според препораките на ДИК, членовите на избирачките одбори се должни на гласачите да им објаснат дека само со едно излегување на изборите имаат право да гласаат и на двата избори – предвремени парламентарни и претседателски врот круг, денеска на изборите голем број граѓани биле прашани дали сакаат да гласаат за претседател.
Бројни поплаки од избирачите до редакцијата на НОВА пристигнаа од избирачки места во скопските населби Чаир, Карпош и Центар.