НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поплави: Кој одлучува за живот и смрт

0
By Нова ТВ on August 11, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На фотографијата погоре е мапа која покажува дел од најпогодените подрачја каде што невремето однесе и 22 човечки живота, а уништи безброј домови.

На фотографијата подолу, пак, можеме да видиме што досега знаеме за поплавите, а што не знаеме.

1 (1)

Инфографици: Елена Митревска Цуцковска

Постојат надлежни институции, а формиран е и кризен штаб – тело кое би требало да одговори на отворените прашања. Со него шефува министерот за здравство Никола Тодоров. Штабот не одржува прес конференции, не испраќа соопштенија до медиумите и никој не знае кога одржува средби, за што се дискутира, какви одлуки се носат.

НОВАТВ ги издвојува институциите кои се дел од Кризниот штаб, но и кои имаат клучна улога во спречувањето и справувањето со катастрофи. Кој раководи со нив? Како е избран? И ќе им ги дадат ли на граѓаните одговорите кои им ги должат?

НОВА ги провери нивните биографии и професионално искуство и меѓу нив доминираат правници и политиколози.

Центар за управување со кризи

14012234_10209611060409306_1779090548_n
Сузана Салиу

На чело на Центарот за управување со кризи е Сузана Салиу. На оваа позиција доаѓа на предлог на ДУИ, како нејзин истакнат функционер. Таа завршила Правен факултет во Приштина и постдипломски студии на ситиот факултет на тема: „Омбудсман – европските искуства и искуствата во Македонија”

Работела како јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство – Скопје, а од 2011 до 2015 беше пратеник во Собранието на РМ. Од почетокот на поплавите до денес, Салиу не се појавила да каже ниту збор во јавноста.

Дирекција за заштита и спасување

Шабан Салиу
Шабан Салиу

Со дирекцијата за заштита и спасување раководи Шабан Салиу, дипломиран правник на Правниот факултет во Скопје. Доаѓа од партијата „Обединети демократски сили на Ромите“. Работел во Суд за здружен труд, во Основниот суд во Гостивар, а и тој во еден период беше пратеник во Собранието. На јавноста и е познат по своето ривалство со Амди Бајрам.

Управа за хидрометеоролошки работи

Оливер Ромевски
Оливер Ромевски

Најизвиканата институција деновиве, која ниту најави, ни предупреди за невремето ја раководи Оливер Ромевски. Тој на чело на УХМР дојде како кадар на ГРОМ на Стевче Јакимовски.

Ромевски по образование е дипломиран политиколог по меѓународни односи и дипломатија.

На јавноста Ромевски и е познат како спикер на вести, водител на телевизиски емисии, меѓу кои и за готвење, а е автор на романи. Во минатото најавуваше дека Жан Клод Ван Дам, познат холивудски актер, ќе снима филм по негово сценарио.

Ј.П. Водовод и канализација

Александар Атанасов
Александар Атанасов

Прв човек на ЈП „Водовод и канализација“ е Александар Атанасов (ВМРО ДПМНЕ) кој е роден во 1985 година и има завршено факултет на Њујорк колеџот во Солун во Грција на отсекот “Бизнис администрација и менаџмент”. Истиот има работено во областа на односите со јавноста, а бил и на функцијата Генерален директор за шински возила Велес. Оваа институција беше мета на критики во јавноста, особено по поплавите, поради изградбата на барокната нова административна зграда на Водовод во износ од 20 милиони евра.

Ј.П. Улици и патишта

Синиша Ивановски
Синиша Ивановски

Синиша Ивановски на оваа позиција доаѓа на предлог на советничкото мнозинство на ВМРО ДПМНЕ во Град Скопје. Своевремено беше прогласен и за еден од  најпосакуваните ергени директори, на чело на Улици и патишта дојде од приватна фирма каде работел како маркетинг и ПР менаџер. Ивановски е дипломиран политиколог.

Ј.П. Комунална хигиена

Ракип Дочи
Ракип Дочи

Директор на Комунална хигиена е Ракип Дочи кој има завршено природно математички факултет, отсек Хемија, во Скопје. Тој бил новинар во Радоо Скопје и професор во гимназијата Зеф Љуш Марку. Дочи бил заменик министер за економија пред да биде назначен за директорската функција во Комунална хигиена.

Вежбале за поплави, ама и овој пат дождот ги фати неподготвени

Ако се побара во архивите на медиумите, може да се види дека Штабот за заштита и за спасување на Град Скопје постојано изведувал техничко-показни вежби на кои се демонстрираат техники за справување со поплави.

Таква една вежба имаше на 30 јануари минатата година, пред најавено невреме кое и се закануваше на Македонија.

„Според препораките од Владата на Република Македонија, веќе се мобилизирани екипи од сите јавни градски претпријатија, кои во соработка со екипите од Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и со СВР Скопје уште во првите моменти од најавените интензивни врнежи од дожд ќе излезат на терен и нема да дозволат невремето зад себе да остави штети.“, пишуваше во соопштението од Град Скопје по вежбата покрај брегот на Вардар во населбата Аеродром.

14010019_10209611060329304_140274694_n13940186_10209611060849317_1903276171_o

Градската власт на чело со Коце Трајановски тогаш тврдеше дека  располага со соодветни материјално-технички средства и механизација, 50.000 вреќи со песок, камиони, багери, цистерни, пумпи за извлекување вода, чамци за спасување и друга опрема. А, доколку состојбата на терен се влоши и ги надмине постојните капацитети, ќе се вклучи и дополнителна механизација.

Уште една вежба за справување со поплави се одржала на 23 април минатата година   на кејот на Вардар покрај мостот „Тодор Александров“. Вежбата била во рамките на Програмата на Европската комисија за цивилна заштита и хуманитарна помош, а во организација на Градот Скопје, кој е партнер на европскиот проект за зајакнување на локалните капацитети за справување со поплави „АХЕЛУС“.

Во рамките на оваа вежба беа ангажирани 185 лица од градските служби и од институциите, 50 волонтери/студенти на Факултетот за безбедност-Скопје и Институтот за безбедност, мир и развој од Скопје. Дополнително, како механизација беа користени 8 специјални возила од различен тип, 3 речни чамци за спасување, 1 моторна пумпа, 4 амбулантни возила, 3 полициски возила и 1 хеликоптер.

„Кога зборуваме за поплавите сакам да потсетам дека Градот Скопје во својата долга историја се соочувал со голем број природни катастрофи, меѓу кои и поплави како што беа големите поплави во 1962 година и во 1979 година. Ние луѓето не можеме да влијаеме на појавата на природни катастрофи, но затоа можеме да ги  намалиме штетите и да ги заштитиме  загрозените граѓани и нивните имоти. За таа цел треба постојано да вложуваме напори за надградување на знаењето и на вештините на припадниците на професионалните служби и на граѓаните.“, изјави за време на вежбата, Секретарот на Град Скопје, Марјанчо Тодоровски.

Оливер Ромевски поплави Синиша Ивановски Сузана Салиу Шабан Салиу
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.