Првичните податоци од увидот на терен на комисиите за проценки на штетите од невремето во скопскиот и во тетовскиот регион се дека покажуваат дека на поголемиот дел од нивите зафатени со невремето има 100 процентно оштетување.
Вкупно 13 комисии на Министерството за земјоделство, 7 во скопскиот и 4 во тетовскиот регион веќе вршат проценки за штети на земјоделските површини и кај добитокот.
Според земјоделскиот регистер во скопскиот регион од кој дел беше погоден со невремето, со оваа дејност вкупно се занимаваат повеќе од 2.000 евидентирани земјоделци кои одгледуваат 5.000 глави крупен и ситен добиток.