Сакаме решение со Грција и во таа насока беше и писмото на премиерот Никола Груевски до грчкиот колега, а до сега не сме виделе ниту еден сигнал од другата страна, рече денеска шефот на македонската дипломатија Никола Попоски.
„Не би рекол дека се води двоја политика, бидејќи целта е иста“, вели министерот Попоски по изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети во Софија кој го обелодени последниот предлог од медијаторот Нимиц за името.
Ахмети: “Горна Македонија” е последниот предлог на Нимиц
Османи: И ВМРО-ДПМНЕ сака да се реши името
„Сметам дека големо мнозинство од граѓаните на Македонија ни имаат дадено мандат да работиме на остварување на членството во НАТО и ЕУ. Сметам дека сите политички субјекти во Македонија имаат постигнато согласност дека тоа е нашата клучна стратешка цел. Секој кој може да помогне е добредојден“, вели Попоски.