НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поповски за Пехчево: Општински буџет за партиските чеда

0
By Сашка Цветковска on October 12, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ВМРО-ДПМНЕ 18 години ја има локалната власт во Пехчево. Игор Поповски повторно е во трката, овојпат со обвинувања дека општинскиот буџет го користи за партиски цели, но и за злоупотреби на набавките во корист на негови фирми. Што ветува Поповски, а што откри НОВА

Игор Поповски пред своите сограѓани втор пат стои со ветувања за подобар живот во Пехчево. Регулација на речни корита, нови детски градинки, клубови за стари лица, реконструкција на многу улици, ова се само дел од активностите предвидени во неговата програма. Но најгорд ќе биде ако успее да го крене туристичкиот рејтинг на Пехчево.

Туризмот и брендирањетo на земјоделските прозиводи ќе биде мој фокус ако победам

Поповски вели дека фестивалот на гудачки оркестри и фестивалот „Пехчевски Павловден“ ќе остане, но дека негов фокус доколку добие втор мандат, ќе биде искористувањето на потенцијалите на Пехчево во насока на развивање на руралниот и земјоделскиот туризам.

Ќе продолжиме со проекти од инфраструктурата, но бидеќи во минатиот мандат реалзииравме повеќе од половина, сега конечно остануа простор да се фокусиираме на развојот на економијата. Оттука, мој фокус ќе биде развојот на туризмот и брендирањето Повеќе се фокусирам на развојот на туризмот и брендирање на земјоделските производи, а со тоа и развој на економијата.

На прашањето кој е неговиот став за рудниците кои беа планирани и на територијата на Пехчево, Поповски не е категорично против, но вели дека нивните методи на обработка на бакарот се неприфатливи.

Имавме проблем со студијата која ја понудија, па сега инвеститорите прават нова Првата постапка која ја понудија беше онаа со киселините, реагираа граѓаните и ние ги поддржавме. Се спротиставивме и на нашата влада, а и на новата. Бараме нови модели од нив, ама нив тоа им е скапо бидејќи нема толку многу бакар во земјата. Застарените модели кои првично ги понудија се едноставно неприфатливи. Останува отворена само опцијата за рудникот за јаглен, рече Поповски.

Но покрај новото се ветува и старото. Разгледувајќи ја програмата на пехчевскиот градоначалник забележавме дека во областа на културата тој ветил фестивали и активности кои веќе постојат. И не само што постојат, ги ветил и реализирал и на минатите избори како фестивалот на гудачки оркестри и фестивалот „Пехчевски Павловден“. И ништо од ова не би било погрешно, но малата истрага низ културниот живот на ова гратче во источна Македонија покажа дека сите овие активности се организираат од само една невладина организација – „Здружение за културни дејности Млади во движење Пехчево“.

Вработените основале невладина, а градоначалникот им делел пари

Игор Поповски е професор по математика. Роден е во 1973 година и е дипломец на Природно-математичкиот факултет. Мандат од сограѓаните бара по втор пат. Неговата политичka кариера е видлива откако станува претседател на општинскиот совет во Пехчево од ВМРО-ДПМНЕ и на позиција е од 2009 до 2014 година кога решава за прв пат да влезе во трката за градоначалник на Пехчево.

На крајот на јуни непосредно по преземањето на функцијата на новиот градоначалник, седуммина вработено во општината ја основаат невладината „Млади во движење“, за веќе на 9 јули на седница на Советот, а по предлог на Поповски, се усвојува годишна програма за финансирање на работата на ова Здружение од општински пари. Не се знае за што се добивале средства од општината бидејќи во одлуките на Советот иако пишува дека програмата е во прилог на билтенот, истата не е објавена. Нема ниту податоци за висината на дотациите. До денеска тие се единствени кои без оглас и набавки добиваат народни пари со потпис на градоначалникот за да го оргнизираат фестивалот на гудачки инструменти.

Здружението дури добивало и признанија од општината, како оваа доделена минатата година во септември за заслуги во развојот на културата и успешно организирање на фестивалот на гудачки инструменти во Пехчево. Наградите си ги делеле сами на себе, па така вработениот од општината кој е и оснивач на невладината организација, бил говорник и доделувач на признанијата.

Градоначалникот ги кани фирмите да донираат во невладината на вработените

Без исклучок, сите кои ја основале невладината, сосе овластеното лице, се вработени во општината, а повеќето се истакнати локални членови на ВМРО-ДПМНЕ.

Анита Каракашовска е советник за финансии и буџет во општината. Токму нејзиниот сектор го подготвува и планира буџетот, а тие се одговорни и за финансиски надзор и отчет врз оние кои трошат општински пари. Таму работи и нејзиниот сопруг.

Елица Јовевска е помлад соработник за спорт, додека Живко Каликов е помлад соработник за контакт со граѓани. Марија Ризовски работи во одделението за човечки ресурси, додека Трајче Поповски е лице за контакт со информации од јавен карактер. Елица Јовевска која и член на ВМРО-ДПМНЕ е истовремено и овластено лице на невладината, нешто во што градоначалникот не гледа никаков конфликт.

Со исклучок на Светлана Стамболиска која е постара од останатите и инспектор за животна средина и комунални работи, сите други сосе Елица се членови на младината на ВМРО-ДПМНЕ, а на социјалните мрежи може да се најдат многу нивни заеднички фотографии од приватни дружења, но и од партиски активности.

На веб страницата на градот Пехчево може да се најдат говори на градоначалникот каде што тој ги кани бизнисите да ги помогнат манифестациите кои тие ги прават.

„Иди па не дади. Ем градоначалникот те „кани“, ем вработените, секој во секое време може инспекција да ти прати. Па сум дал. Не дека со сила те тераат нели, не дека некој ни рекол дека мораме, ама зарем  ќе се буниш кога знаеш кој е на другата страна, цел партиски подмладок и градоначалникот“, рече сопственик на мал бизнис во околината на Пехчево кој што од страв поради одмазда од општината зборува анонимно.

Поповски: Тоа беше најизводливо решение за организирање на фестивалот

Градоначалникот и актуелен кандидат Игор Поповски не ги негираше фактите изнесени од НОВА. Тој вели дека ова било најдоброто решение за тоа како да го организираат фестивалот од практични и организациски причини.

„Размислувавме за тоа како да го решиме фестивалот и имаше одредени пречки, како на пример, како ние како општина да го носиме Здравко Чолиќ, на пример. Како ќе го платиме?! Затоа решивме овој дел од културната програма да го водиме преку невладина која ќе може да собира и други донации и спонзорства покрај помошта од општината, а истовремено лицата од здружението не земаат хонорари од невладината“, рече тој.

Експерти: Постојат сомнежи за злоуптреби

Универзитетскиот професор по административо право и јавна администрација од Правниот факултет „Јустинијан Први“ Скопје при УКИМ, Драган Гоцевски, вели дека иако законите дозволуваат јавните и државни службеници да основаат здруженија и фондации, сепак, се отвораат сомнежи и се поставува прашањето дали биле запазени сите протоколи за спречување на судир на интереси.

Општината според закон може да формира установи, јавни претпријатија, здруженија. Во случајов основач не е општината, туку се физички лица- поединци кои истовремено се вработени во самата општина, општината која на здружението чиви оснивачи се самите вработени – му доделува средства. Истите луѓе му даваат пари на здружението, тој проток на пари мора да се следи и да подлежи на надворешни ревизии. За да се избегне каков било сомнеж, членовите на здружението кои се во исто време и вработени во општинската дминистрација, доколку примаат средства во вид на хонорар или по кој било друг основ од општината преку здружението мора да имаат поднесено изјава за не постоењео на судир на интерес бидејќи ваквите ситуации, иако дозволиви, отвоарат сомнежи за злоупотреби. И Комисијата за спречување на корупцијата мора да даде мислење. Чувар на законитоста на работењето на општината е градоначалникот. Тој ги потпипшува сите акти и тој одговара за нивната законитост па тоа ги вклучува и налозите за финансирање на здружението. Само ако сите органи на надзор констатирале дека нема незаконитост, тогаш тој може да префрла пари на здружението кои ќе се исплаќаат на вработените во општинската администрација – во улога на членови на здруженито.

Поповски давал тендери на својата превозна фирма, а автобусот – подарок од Трајановски стоел во гаража

Неговиот противкандидат од СДСМ Драган Тренчевски во разговор со НОВА обвини дека Поповски е длабоко корумпиран и дека тој ќе прави ревизија доколку ги добие овие избори. Рече дека сметката на општината е блокирана за 1 милион евра долг, но и дека тој самиот си делел тендери на фирмата „Андонд Компани“ која е во негова и во сопственост на неговиот брат. Фирмата дава превозни услуги, а на веб страницата на општината можат да се најдат бројни докази за нивниот ангажман од страна на самата општина.

Пари веројатно општината му должи  и нему. Неговата приватна фирма во негова и во сопственост на неговиот брат „Андон Компани“ учествува и добива тендери од Пехчево за превоз. Во оваа насока добро прашање е и зошто општината најмува автобус за превоз кога градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, пред неколку години ни подати нов општински автобус. Под изговор дека се поправа фарот, тој никогаш не возел низ Пехчево. Но затоа вози неговата компанија и други блиски до него“, обвинува  Тренчевски и најавува ревизија на работењето на општината.

 

Игор Поповски Локлани избори Пехчево
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.