Повеќе од стотина лица нападнаа полициска станица во францускиот град Трап, во текот на протестите поради инцидентот кој изби кога полицаец сакаше да напише казна поради носење муслимански вел.
Во насилствата во Трап, западно од Париз, минатата ноќ биле повредени еден тинејџер и четворица полицајци, а шест лица се уапсени, рекол денеска претставник на регионалната полициска управа.
Групата напаѓачи палеле контејнери и кршеле автобуски станици, а полицијата кон нив употребила солзавец.
Насилството избило за време на протестниот собир поради апсењето маж на чија сопруга ѝ била напишана казна поради носење бурка. Мажот го нападнал полицаецот што ја напишал казната, рекол претставникот.
На жените во Франција од 2011 година им е забрането да носат муслимански превези преку лицата.