Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поранешна северно-корејска шпионка: Убив 115 невини луѓе

0
By Нова ТВ on April 12, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Поранешната врвна шпиунка на Северна Кореја Ким Хјун Хи проговори за најновите закани од Пјонгјанг, но и за времето кога како терористка морала да дигне во воздух цивилен авион на Јужна Кореја во 1987 година убивајќи ги сите 115 патници.

Поранешна врвна шпионка, која сега живее на тајна локација во Јужна Кореја, вели дека најновите закани на Пјонгјанг се само обиди на новиот лидер Ким Јонг Ун да добие масовна поддршка и да се наметне како цврст лидер, посебно меѓу војската.

Ким Хјун Хи, како девојче била киднапирана и одведена за да служи на Северна Кореја. Се обидувала да се отруе откако ја фатиле Јужнокорејците.

Хи изјави дека во 1987 година добила наредба од лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ил, да постави бомба во јужнокорејски авион. Таа тоа го направила и сите 115 патници починале. Оттогаш, САД ја ставија Северна Кореја на списокот на земји кои го спонзорираат тероризмот.

Денес е омажена и има две деца, но секој ден живее во страв дека агентите од Северна Кореја ќе ја фатат и убијат. Сега вели, живее покајнички живот.

– Мислев дека Ким Ил Сунг всушност е бог. Научени сме да го славиме него пред своите родители. Од мали нозе бевме учени да зборуваме: ”Фала ти голем владетелу, на се!” И ако кажеш нешто погрешно, дури и ако е во прашање само шала, луѓето завршуваа во логори. Северна Кореја не е држава, тоа е секта- вели Хи.

Таа раскажува како станала шпион за Северна Кореја.

– Пред моето училиште застана лимузина. Внатре беа луѓе од партијата кои ми рекоа дека јас сум одбрана. Немав време ни да се простам од родителите, само ми рекоа да се спакувам. Тоа беше во 1980 година, вели таа.

Била испратена во елитно училиште за шпиони. Добила ново име под кое работела, научила боречки вештини и работа со оружје. Правата задача и била да ја постави бомбата во јужнокорејскиот авион.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

ВЕСТИ November 6, 2025

Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го прими уверението и најави дека од вечерва…

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.