Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поранешни новинари на „Утрински“ формираа Фондација „Славко Јаневски“

0
By Нова ТВ on December 5, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новинари и уредници од згаснатиот „Утрински весник“ формираа Фондација за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.

Основачи на фондацијата се Бранко Тричковски, Ерол Ризаов, Манчо Митевски, Љупчо Поповски, Ѕвездан Георгиевски и Катерина Богоева, а претседател на Управниот одбор е Јана Јаневска Терзиоска, ќерка на Славко Јаневски.

– Фондацијата што го носи името на авторот на првиот македонски роман, сметаше дека е неопходно да се продолжи оваа, според нас, вредна традиција и затоа ја презедовме обврската да го сочуваме континуитетот на признанието, кое придонесе многу за расцутот и новата пролет на македонската романсиерска продукција, соопшти Фондацијата „Славко Јаневски“.

Таа ќе продолжи да ја доделува и долгогодишната награда „Роман на годината“ која ја организираше весникот.

Станува збор за една од најрелевантните литературни награди кај нас, која, сведоци сме, придонесе многу за расцутот и новата пролет на македонската романсиерска продукција.

Со оглед на фактот дека со згаснувањето на „Утрински весник“ постоеше реална опасност и оваа награда за згасне, Фондацијата што го носи името на авторот на првиот македонски роман, сметаше дека е неопходно да се продолжи оваа, според нас, вредна традиција и затоа ја презедовме обврската да го сочуваме континуитетот на признанието.

Фондацијата ќе го преобјави романот „Село зад седумте јасени“ на Јаневски, кој е првиот македонски роман од 1952 година, од кога не бил повторно објавен.

 

-Славко Јаневски е сестран уметник. Тој е сликар, карикатурист, стрип-автор, режисер, сценарист… Во оставината на Јаневски пронајдовме едно негово сосема непознато сценарио за долгометражен игран филм – „Деветиот задгробник“. Станува збор за мошне интересно четиво, всушност за научно-фантастичен хорор, што е жанровска реткост во нашето сценаристичко творештво. Во таа смисла Фондацијата ќе го објави сценариото на Јаневски во книга, заедно со уште две други негови познати сценарија: „Македонскиот дел од пеколот“ и „Јазол“.

Фондацијата предвидува и објавување на еден годишник под наслов „Архив Јаневски“, каде што ќе се објавуваат сите артефакти врзани за животот и делото на Јаневски: фотографии, интервјуа, предмети, автографи, посвети, цртежи, ракописи… На овој начин сакаме да го приближиме творечкиот процес на уметникот до читателот, да ги сочуваме артефактите од заборав и да дадеме значаен прилог во проучувањето и толкувањето на неговиот опус.

Една од суштинските цели на Фондацијата е поддршката на младите автори. Во согласност со финансиските средства ќе направиме работилници за креативно пишување, како и работилници за негување на критичка мисла. Во план е објавување на своевидни уреднички зборници, каде што ќе се појавуваат млади автори, кои под менторство на искусен уредник ќе пишуваат раскази на зададени теми и зададени жанрови.

Покрај алманахот „Архив Јаневски“, Фондацијата ќе издава периодично списание за културни и општествени прашања „Дебата“, кое ќе треба да ги собере најеминантните автори во регионот на одредени теми. Списанието во секој број ќе има свој темат. За пример ќе наведеме неколку теми: „Култура на сеќавањето“, „Јазикот и идентитетот“, „Култура на владеење“, „Историското наспроти историјата“ итн.

Фондацијата ќе биде организатор и коорганизатор на повеќе панел-дискусии, дебати, изложби, мини и камерни концерти, промоции и други активности во зависност од потребите.

Фондацијата за унапредување и промоција на културни вредности „Славко Јаневски“, како непрофитна организација, главно ќе се финансира од донации. Сите донатори влегуваат во Клубот на пријатели на Фондацијата. Фондацијата ќе го истакнува придонесот на донаторите во сите можни прилики, ставајќи го нивното лого на својот вебсајт и на сите јавни настани што таа ќе ги организира.

Фондација Славко Јаневски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.