Македонската фудбалска репрезентација загуби со 3:1 од Австрија на дебито на европскито првенство.
Австрија уште еднаш покажа дека е незгоден противник за македонската репрезентација, откако претходно двапати нè победи во квалификациите за ова европско првенство.
Следниот натпревар на македонската репрезентација на Европското првенство е повторно во Букурешт, на 17 јуни против Украина, а последниот меч од групата Ц го игра на 21 јуни во Амстердам против Холандија.