Новиот претседател на Украина, Петро Порошенко, изјави дека на 27 . месецов ќе го потпише контроверзниот договор за асоцијација со ЕУ.
Неговиот претходен избраник про-рускиот Виктор Јанукович, беше симнат од власт во февруари откако во последен момент одбил да го потпише договорот.
Тешки борби повторно избувнаа меѓу војници и про-рускиот бунтовници во регионот на Донецк, и покрај изјавите на примирје.
Во меѓувреме, НАТО соопшти дека руските војници се вратиле назад кон украинската граница.
ОБСЕ соопштува дека повторно воспоставиле контакт со двата тима на набљудувачи кои минатиот месец беа киднапирани во источна Украина, и дека тие во моментов се добри.
„Ние не можеме да коментираме за идентитетот на оние кои биле задржани, ниту за изјавите дадени од страна на кои било групи или поединци кои се пренесени во медиумите”, рече портпаролката на ОБСЕ Наташа Рајаковиќ во Виена.
Порошенко минатиот месец беше избран за претседател на платформа про-ЕУ, по шест месеци на политички немири.
Откако г-дин Јанукович побегна од Киев, Русија го зазеде Крим кој е дел од територијата на Украина, и исто така е обвинета и за разгорување на востание на исток.
Според проценките кои ОН ги објавиле неделава, до 7. мај во источна Украина биле убиени најмалку 356 луѓе, вклучувајќи и 257 цивили.