Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Португалците „на готовс“ пред финалето против македонските фудбалери во вторник

0
By НОВА ТВ Balaban on March 25, 2022 ВЕСТИ, СПОРТ
Фото: fifa.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Овој натпревар (против Турција) е завршен и сега нашиот фокус е кон Македонија, што несомнено ќе биде многу тежок дуел. Самото тоа што тие ја победија Италија значи дека ќе ни биде многу тешко, изјави португалскиот селектор Фернандо Сантош за националната телевизија РТП.

Респект и внимателност преовладуваат во изјавите на португалските фудбалери, кои по вчерашниот триумф над Турција (3-1) пред 48.000 гледачи на стадионот „Драгао“ во Порто, во вторник на истото место ја пречекуваат македонската репрезентација во рамки на финалниот бараж за пласман на Мундијалот во Катар.

– Ваквите натпревари се финале, а финалето секогаш е комплицирано. Го победивме првото (финале), а сега треба да го победиме второто. Овој натпревар (против Турција) е завршен и сега нашиот фокус е кон Македонија, што несомнено ќе биде многу тежок дуел. Самото тоа што тие ја победија Италија значи дека ќе ни биде многу тешко, изјави португалскиот селектор Фернандо Сантош за националната телевизија РТП.

Столбот на португалската одбрана, Данило, истакна оти не е изненаден од пласман на македонските фудбалери во финалето.

– Не сме изненадени од тоа што го направи Македонија. Тие имаа одлични мундијалски квалификации. Тие се многу добро организиран и борбен тим. Нивната победа (над Италија) не беше изненадување, изјави Данило за истиот извор.

Комплименти за квалитетот на македонската репрезентација пред дуелот на „Драгао“ во вторник од 20:45 часот изнесе и португалскиот играч од средниот ред Матеус Нунеш.

– Сега треба малку да се одмориме и да се подготвуваме за натпреварот против Македонија. Тие го заслужуваат целиот наш респект. За да ја победиш Италија мора да поседуваш квалитет и не смееме да си дозволиме да помислиме дека ќе ни биде лесно, порача фудбалерот на Спортинг.

Португалците Фернандо Сантош финале фудбалерот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025
ФОКУС

Јато дронови над белгиска воена база – НАТО го вклучи алармот

ВЕСТИ October 3, 2025

Петнаесетина дронови ја надлетаа белгиската воена база „Елзенборн“ во источната покраина Лиеж, потврди канцеларијата на…

30 години од атентатот врз првиот Претседател на независна Македонија Киро Глигоров

October 3, 2025

Време: Зимата ја претрка есента

October 3, 2025

Дронови го затворија аеродромот во Минхен – откажани 17 летови

October 3, 2025
ТИКЕР

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.