Папата Бенедикт XVI за прв пат ќе се појави во јавноста, по објавувањето на своето повлекување од должноста Свет Отец и духовен водач на 1,2 милијарди католици.
Илјадници луѓе се собраа во очекување на обраќањето на Папата во Ватикан, на редовната неделна аудиенција на мисата по повод Чиста среда, односно Пепелница со која започнува припремата за Велигден.
85-годишниот Папа во заминување мисата ќе ја одржи во базиликата Свети Петар.
Ова ќе биде последната миса на која Бенедикт XVI ќе ја одржи пред заминувањето.