Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

post script-um / Преспанскиот е топ но без еуфорија – во еден негов, и тоа како значаен идентитетски дел, е чиста утка

0
By Zoran Ivanov on May 14, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 14, 2026 23:17

 Зоран Иванов

Ќе се обидам да бидам „фин” и „умерен“ спрема преспанските преговарачи кои од вчера наваму, откако претседателката Сиљановска Давкова го испофали Преспанскиот, а министерот за надворешни Муцински се испорадува што ќе одел на НАТО министерски состанок, како да влегоа во еуфорија што донекаде е и разбирливо по тирадите навреди што од Преспанскиот наваму ги претрпеа поради политикантските популистички партиски врескања.

Еве, само во неколку реда колку „преспанските“ преговарачи малку од малку да си ја стишаат еуфоријата ликувачка.

Па по ред.

Факт е, тоа и самите преговарачи го потенцираат, дека никој во земјава не е среќен со нужната па сепак насилна промена на името на државава.

Преспанскиот беше неминовност не само поради НАТО, туку многу повеќе поради тоа што со него конечно се надмина еден историски проблем со јужниот сосед.

Но Преспанскиот, и покрај овие две неспорни и ептен потребни ефекти, не е толку „ѕвезден“ акт за неговите преговарачи сега, откако најжестоките нивни критичари, веројатно под подзасилен притисок од меѓународните, почнаа да оменкуваат, да си ја бараат сатисфакцијата за погрдите што неправедно ги трпеа од политичките популисти кои, главно и поради масакрирањето на Преспанскиот, пред две години ја запоседнаа власта.

И тогаш нешто на темава напишав, еве и сега констатирам дека во еден значаен, во еден негов и тоа како идентитетски дел, Преспанскиот е со непоравлива фабричка грешка.

Во еден дел Република Македонија плати  ненадоместливо висока цена во делот на идентитетската цпридавка „македонски”, „македонска”, „македонско”.

Изнудена под голем притисок или наивна остапка на преговарачите, сеедно, но, неспорно е дека тој дел од договорот им зададе идентитетски удар

на повеќето престижни македонски институции кои со Преспанскиот пакет од „македонски“ беа принудени да се преименуваат во „национални“.

Тој очигледен дипломатски пораз на нашите преговарачи, практично ги „размакедончи” дотогаш Македонската филхармонија, Македонската опера и балет, Макдонската информативна агенција, …

Во истовреме, грчката дипломатија која во овој дел ја надитри македонската, си го задржа правото таа придавки службено и во рамките на грчката држава како институција, да си ги користи како свое изворно, како некое нивно автономно историско право па така, на пример, нивната, солунската новинска агенција која, патем, покасно, по Преспанскиот, се интегрираше со атинската, во нејзиниот регистриран назив си ја задржа придавката „македонска“. Си остана „Македонска прес агенција” или МПА.

Неспорно е дека преговорите биле тешки и мачни. Но мислам дека овој идентитетски пропуст нашите дипломати би морале или, еве поблаго, некогаш ќе раскажат, можеби и би можеле да го избегнат.

Можеби би можеле на посредникот Нимиц и на грчката страна, макар во обид, им понудат некаково соодветно решение кое кај Грците можеби и би поминало.

За таков напор во македонската јавност досега не слушнавме.

Не чувме, на пример, дали нашиве на преговарачката маса малку тропнале, дали поцврсто застанале зад потребата нашите институции да си ја задржат придавката „македонска“.

Дали предложиле, еве пак на пример, пред, над, под, сеедно, името на институцијата со атрибутот „македонска”, задолжително да стои и уставниот натпис на државата Македонија.

Да стои, пак на пример, Република Северна Македонија – Македонска опера и балет.

На пример.

Тоа би бил фин и одржлив идентитетски компромис и за македонските институции.

Можеби нашите дипломати пробале, пробале но не успеале.

Можеби пробале Македонскта филхармонија да си остане македонска и информативната агенција наместо сега „медиумска“ да си остане македонска.

Факт е дека на Македонија и требаше Преспанскиот и добро е што тој ни се случи.

Еднаш, порано или покасно, Македонија ќе мораше и во НАТО.

И, поважното е, што со него, преку ООН, се надмина ФИРОМ.

И што во наша полза, без оглед на рецедивните негирања на вредноста на Преспанскиот, со него историски надмина една идентитетски митска дилема.

И што, две годни по последните парламентарни, неговите негатори, политикантски манипулатори популисти и обвинувачи за предавство, денес, еве, гласно и гордо застануваат зад Преспанскиот.

Гласно и гордо се стројат во редот на предавниците. Се стројат во редот кој, со својот лажен патриотизам, си го инсталираа тие самите.

Но, овој постиборен восклик на критизерите на Преспанскиот, на неговите преговарачи, ич не им дава за право, како што се обидуваат, да се перчат со Преспанскиот игнорирајќи го дипломатскиот пораз во делот на трајно загубената идентитетската придавка „македонско”, „македонска”, „македонски” за повеќето наши, пред се културни институции меѓу кои идентитетски единствено преживеа само Македонскиот народен театар.

Значи, супер за Преспанскиот, но покроце со фалбите. Преспанскиот е топ но без еуфорија зашто, во еден негов и тоа како значаен идентитетски дел, е чиста утка.

                                                      

 

 

Зоран Иванов колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 14, 2026

Најмалку седуммина загинати, 44 повредени и 20 исчезнати во масовниот руски напад — во Кијив утре е Ден на жалост

ВЕСТИ May 14, 2026

Седум луѓе загинаа, а 44 се повредени во комбинираниот руски напад со ракети и дронови…

Филипче: Мицкоски ќе го поништуваше Преспанскиот договор па рече дека е ремек-дело на дипломатијата

May 14, 2026

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

May 14, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

May 13, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.