Ден по погребот, во Преторија е поставена најголемата статуа на Нелсон Мандела.
Споменикот висок девет метри и тежок четири и пол тони е најголемата статуа на светот на симболот во борбата против апартхејдот.
Бронзениот споменик на кој Мандела е прикажан насмеан и со раширени раце, чини 800 илјади долари, а го изработија неколкумина уметници.
Првиот црн претседател на Јужна Африка и нобеловец почина пред 11 дена, а вчера беше погребан во родното место Куну.