Сите партии се враќаат во парламентот и ќе учествуваат на локални избори.
Се согласија да се формира независна комисија која ќе ги утврди причините за инцидентите на 24 декември мината година.
Реформи на Изборниот законик веднаш по локалните избори.
Потребно е да се врати слободата на медиумите и да продолжат разговорите со ЗНМ.
Да започнат разгови за одржување на предвремени парламентарни избори, веднаш по одржувањето на локалните избори.
Ова се засега главните точки од резолуцијата за кои политичките субјекти кај претседателот Иванов се договорија со европската тројка.
Деталите следуваат…
Само пред неколку минути еврокомесарот за проширување Штефан Филе напиша: Добра зделка за Македонија нашата мисија во Скопје им помогна на политичките лидири да најдат излез од кризата.
Според договорт Филе повторно ќе го посети Скопје кон крајот на март.