Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Постои опасност односите меѓу Германија и САД да бидат повторно разнишани

0
By Нова ТВ on May 2, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Посетата на Ангела Меркел на САД е како кризен состанок. Главна тема ќе биде драмата околу Украина. Но, германско-американското партнерство е пред предизвик и поради аферата со НСА и проектот за трансатлантски пазар, објавува Дојче веле.

Ангела Меркел имала и попријатни посети на САД. Нејзе денеска и утре (02. и 03.05.) ја очекува посета на лидерот кој среде криза стана како отуѓен пријател. По аферата со НСА, сега се случува украинската криза, а овие кризи ги ставија двете земји пред искушенија. Според Најл Гарднер од фондацијата „Херитиџ“, постои опасност односите меѓу Германија и САД да бидат повторно разнишани.

„Има голем јаз меѓу Берлин и Вашингтон како да се постапи со Русија“, вели Гарднер. Експертот за Европа на конзервативната вашингтонска тинк-тенк организација е јасен во изјавата за Дојче веле: Германија и одредени европски земји „во однос на Русија водат политика на попуштање. Пред се’ поради економската зависност при снабдувањето со енергенси“.

Новата шефица на „Германскиот маршалов фонд“ Карен Донфрид енергично се противи на таквата оценка и додава:

„Верувам дека германско-американската координација досега е многу добра. Европејците имаат значајни енергетски и трговски врски со Русија. И покрај тоа, тие сакаат да извршат притисок врз Русија“, оценува Донфрид.

Украинската криза е на врвот на агендата на Ангела Меркел за време на посетата на САД. Канцеларката во Вашингтон нема да се сретне само со различни проценки и очекувања од Европа, Германија и од неа лично, туку ќе се соочи и со претседател кој е под внатрешнополитички притисок за поостро да се постави во однос на Русија. Тоа треба да го забележи германската канцеларка.

„Оваа средба доаѓа навистина во вистинско време и е многу значајна“, смета Хедер Конли од вашингтонскиот „Центар за стратегиски и меѓународни студии“ (ЦСИС). Двајцата лидери се среќаваат во време кога „политиката на Западот во однос на Русија е дојдена до драматичен крај. Мора да се развие една нова политика. Германската улога притоа е неверојатно одлучувачка за постигнување успех“, оценува експертката за Германија во тинк-тенк организацијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.