ВИДЕО: Вуди Ален и неговата верзија за обвинувањата
Посвоената ќерка на Вуди Ален, Дилан Фароу (28), го обвини американскиот режисер дека сексуално ја злоупотребувал кога била дете, изјаснувајќи се за прв пат јавно за обвиненијата стари повеќе од 20 години.
Дилан Фароу која е посвоена од Вуди Ален заедно со актерката Миа Фароу, кога тие беа пар, обвинува во отвореното писмо објавено на блогот на Њујорк Тајмсдека тој ја нападнал на седум години во поткровјето на куќата.
“Кога имав седум години Вуди Ален ме зеде за рака и ме доведе до слабо осветлениот таван на вториот кат од нашата куќа. Ми рече да легнам на стомак и да играм со електричниот воз на брат ми. Сексуално ме нападна”, рече младата жена.
“Тој ми кажа, додека тој го правеше тоа, со шепотење зборуваше дека сум била добра девојка, тоа е нашата тајна, ми вети дека ќе одиме во Париз и дека ќе бидам филмска ѕвезда”, додава Дилан Фароу.
Дилан тврди дека тогаш таа и кажала на мајката и Миа Фароу 1992 јавно го обвини Ален.
Вуди Ален кој не е кривично гонет за ова дело, секогаш го негирал.