Над 13.000 потписи од граѓаните се предадени во Собранието. Со ова започнуваат да тече рокот од 30 дена кога спикерот Трајко Велјановски мора да ја стави на дневен ред точката за промена на Законот за енергетика.
Граѓанската асоцијација АМАН бара да се врати дневната тричасовна евтина тарифа за електричната енергија и непостоење законска обврска на исклучените од топлинската енергија да плаќаат каков било надоместок за парно греење.
Подржувачите и активистите на АМАН се собраа пред споменикот Мајка Тереза и со последен протестен марш преку улицата „Даме Груев“ и Рекорд. Потоа во Собранието на тамошните служби им ги предадоа собраните потписи.
Сега се на потег пратениците кои по собраниската расправа ќе гласаат дали се за укинувањата на скапата тарифа за елекректрична енергија.
Видеото е превземено од А1он
За успехот на оваа граѓанска иницијатива, односот на институциите и шпекулациите за партиско полтички манипуации за НОВА зборува Џелал Хоџиќ.