Aвионот Малезија ерлајнс исчезна на летот за Пекинг, со 239 лица- 227 патници, вклучувајќи и две деца и 12 членови на екипажот.
Малезија ерлајнс вели во соопштението дека авионот со лет MH370 исчезнал во 02:40 по локално време во сабота (18:40 ГМТ во петок) по напуштањето на Куала Лумпур, а се очекуваше да слета во Пекинг во 06:30 (22:30 ГМТ), јавува Би-Би-Си.
Министерот за транспорт во Малезија соопшти дека нема информации за остатоците на авионот и тој повика да не се шпекулира.
Извршниот директор на Малезија ерлајнс Ахмад Јаухари Јахја рече дека фокусот е на помагање на семејствата на исчезнатите. Тој рече дека 80% од семејствата биле контактирани.
Авионот полетал на радарот на југ од Виетнам, се вели во соопштението на владината веб-страница на Виетнам.
Последната позната локација беше кај Ca Мау полуостровот, иако точната позиција не е јасна.