Уште еден сателит долови фотографии од пловечки предмети во јужниот дел на Индискиот Океан. Сепак истите ќе бидат проверени дури утре бидејќи временските услови ја отежнуваат истрагата.
>> Десет неодговорени прашања за потрагата по исчезнатиот малезиски авион
Фотографиите од тајлландски сателит покажуваат 300 различни предмети во размер од 2 метра до 15. Сателитот ги забележал во понеделникот, а биле 201 километар оддалечени од местото каде што француски сателит во неделата забележа неколку предмети.
Францускиот сателит забележа 122 предмети во истиот тој регион.
Аналитичарите тврдат дека ова би можело да биде охрабрувачки знак, кој би можел потрагата да ја одведе до остатоците од исчезнатиот малезиски боинг. Од друга страна, сѐ уште не е официјално потврдено дека предметите се поврзани со изчеснатиот Боинг 777.
>> Истражувачите од САД се сомневаат – исчезнатиот авион се бара на погрешно место?
Авионот по кој трагаат повеќе од 25 земји, исчезна на 8.март при неговото патување од Куала Лумпур кон Пекинг со вкупно 239 патници и членови на екипажот..
>> Малезискиот премиер: Авионот завршил во Индискиот Океан, сите се мртви