Човек кој се качил на летот во Малезија ерлајнс, кој исчезна во саботата, бил млад Ирачанец за кого истражувачите веруваат дека не е поврзан со терористите, објавни малезиската полиција. Се верува дека 19 – годишното момче сакало да отпатува за Германија, каде што тој се надевало дека ќе добие азил, известува БиБиСи.
Во исто време, Малезија во соработка со уште девет други земји продолжува со пребарувањето на површина на Малајскиот теснец на Јужното Кинеско Море.
Кина има распоредено десет од нејзините сателити , кои треба да помогнат во пребарувањето.
Големо е незадоволство од роднините на исчезнатите патници, од кои мнозинството се кинези. Незадоволни од комуникација од страна на Малезија компании, тие тврдат, дека не се информирани и се лути на нивната влада.
Остатоци од авионот се уште не се пронајдени, и роднините се надеваат дека ќе биде пронајден тргнувајќи од фактот дека мобилните телефони на оние кои се водат за исчезнати се сеуште активни, пишува Вашингтон пост. Кога ќе ги повикам, не ја добивам онаа порака дека тие се исклучени или недостапни, телефони ѕвони, но нема одговор, велат роднините.
Блиски роднини на исчезнатите се прашувате зошто владата не се обидува да го лоцира авионот преку телефонски сигнали.