Хрватскиот писател и колумнист Анте Томиќ додека седел во кафуле на сплитскиот плоштад Пјаца, засега непознато момче го полеало со канта полна со фекалии.
Сведоците велат дека момчето, откако го полеалo Томиќ, извикалo: „Еве ти, па сега пак пишувај за мене!“, а потоа избегалo.
Сето ова се одиграло за неколку секунди. Никој немал време да реагира и да го задржи напаѓачот, кој брзо го снемало и сега полицијата е во потрага по него.
Томиќ рекол дека не знае кој би можело да биде момчето, но дека е сигурен дека нема пишувано за него.
“Jaсно ми е дека се работи за некаков несреќник, фрустрирана човечка единка”, рекол за порталот на Јутарњи лист, додавајќи дека не се чувствува како жртва и како “луѓето заради своето пишување доживувале многу полоши работи”.