Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Потврда од Данска: Северна Македонија ги исполнува копенхашките критериуми

0
By Нова ТВ on May 4, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во рамките на работнатa посета на Кралството Данска, министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска се сретна со неговиот колега, министерот за надворешни работи, Јепе Кофод на која главна тема беа европерспективи и очекувања на Северна Македонија – имплементација на одлуката од март, мината година, преку усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата Меѓувладина конференција.

Како што соопшти МНР, во таа смисла министерот Османи ги поздрави заложбите на Данска за одржување на динамиката во процесот на проширување на ЕУ според воспоставените критериуми и се заблагодари за нивната принципиелна поддршка за евроатлантската и за европската амбиција на Република Северна Македонија.

Кофод, се посочува, ги поздрави остварените резултати на нашата Влада со цел зајакнување на демократијата и владеење на правото, при што ја истакна нужноста од континуирана и посветена имплементација на европските стандарди и реформските цели. Тој порача дека Данска останува силен поддржувач на евроинтегративните перспективи на Република Северна Македонија со верба дека набргу и формално ќе почнат преговорите за пристапување во ЕУ.

-Фокусот кон реформите и напредокот во клучните области, исполнувањето на  добропознатите „копенхашки критериуми“, кои и со новата методологија не се изменети, како и продлабочување на добрососедските односи и натаму остануваат наш приоритет, и во периодот кој претстои. Северна Македонија испорача на сите полиња и заслужува валоризација на остварениот напредок. Формалниот почеток на преговорите е само симболичен почеток на долгиот пат на трансформација, но важен сигнал и неопходно охрабрување до целиот регион кој ќе го зацврсти кредибилитетот на евро-интеграцискиот процес.  А тоа ни е важно на сите, особено нам – земјите од регионов, затоа што европската идеја е таа која нѐ обединува околу современите вредности, истакна Османи.

Соговорниците на средбата, се додава, разговараа и за неодамна започнатиот процес на стратешка рефлексија во земјите членки и на ниво на ЕУ во рамки на Конференцијата за иднината на Европа, при што, како што се посочува, Османи му порача на Кофод дека ние сме подготвени, согласно својот статус како кандидати за членство да го дадеме својот скромен придонес што ќе овозможи позитивен импулс за унапредување на севкупната европска агенда.

Двајцата министри разменија мислења, предлози и сугестии и за натамошно унапредување и продлабочување на билатералната соработка, со нови содржини во сите области од заемен интерес, ставајќи посебен акцент на интересот и потребата од засилување на економската соработка, преку идентификување на можниот интерес за инвеститорите и за интензивирање на трговската размена.

На Агендата на Османи во Данска е и средбата со Жан Елерман-Кингомбе, државен секретар во Кабинетот на премиерката Фредериксен, каде повторно, како што се наведува, ќе доминираат темите за европското досие на земјата.

За време на посетата на Копенхаген, Османи ќе се сретне и со повеќе наши граѓани, како и со претставници на повеќе здруженија на дијаспората на Република Северна Македонија во Данска, стои во соопштението од МНР.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025
ФОКУС

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

ВЕСТИ November 14, 2025

Во знак на сеќавање на 63-те жртви од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани,…

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025

Комисијата утврди и соопшти: На десет пациенти им е извршена непотребна операција на срце

November 14, 2025

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

November 13, 2025
ТИКЕР

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.