Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Повеќе може да биде подобро

0
By Zoran Ivanov on June 23, 2025 ИЗБОР, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Знаеме како завршија оние кои се откажаа од своите нуклеарни програми како Гадафи, Садам Хусеин или Асад, а каков третман имаа Ким Јонг Ун од Северна Кореа со чие пријателство се гордее и американскиот претседател Доналд Трамп. Причина: првите немаат, а вториот има нуклеарно оружје.

Денко Малески

Во теоријата за меѓународната политика, Кенет Валтз е човекот кој прв ја лансира тезата дека, бидејќи сила Бога не моли, што повеќе нуклеарно вооружени држави, тоа подобро за светскиот мир. Автор на брилијантната книга „Човекот, државата и војната“ објавена во 1959 гоина, за која, некој има кажанао дека би ја понел на пуст остров ако мора да избере само една книга, Валтз ќе каже дека „повеќе може да биде подобро“. Зошто? Како и за секој човек, така и за секоја држава, опстанокот е примарната цел. Овој интерес да се опстане, ги тера политичарите и генералите по секоја цена да избегнат војна со противник кој има нуклеарно оружје.

Бидејќи никој не верува дека може да преживее во нуклеарна војна, стравот од взаемно уништување создава услови за мир. Истакнат претставник на реалитичката школа на меѓународната политика, Кенет Валрз смета дека државите се рационални актери на меѓународната сцена а нивната основна задача е смозачувување. Аргументот на Волтз е дека стравот од војна помеѓу две нуклеарни сили е толку голем што ќе ја спречи зашто со неа ништо не може да се добие а се може да се изгуби.

Оттаму, според Валтз ширењето на нуклеарното оружје треба да се смета за нешто позитивно. Спротиставувајќи им се на здраворазумските предвидувања дека со нуклеарно оружје светот ќе биде поопасен, тој го тврди спротивното – нуклеарното оружје е гарантор на мирот. Постоењето на нуклеарен арсенал за „втор удар“ги обесхрабрува државите да тргнат во војна. Тој пишува дека во нуклеарниот свет никој не е сигурен дека нема да биде уништен.

Оттаму и неговиот заклучок дека нуклеарното одвраќање е основната причина за мирот помеѓу големите сили и дека „со повеќе нуклеарни држави светот ќе има побезбедна иднина“.

Знаеме како завршија оние кои се откажаа од своите нуклеарни програми како Гадафи, Садам Хусеин или Асад, а каков третман имаа Ким Јонг Ун од Северна Кореа со чие пријателство се гордее и американскиот претседател Доналд Трамп. Причина: првите немаат, а вториот има нуклеарно оружје.

Деновиве, пропадна уште еден обид голем светски проблем да биде решен со дипломатија, односно на мирен начин. Наспроти вообичаеното мислење, лекцијта која ќе ја научи Иран од војната со Израел и со Америка е дека требало многу порано да изгради нуклеарна бомба, за никогаш никој да не се се осмели да го нападне. Сега, повеќе одколку порано, ќе копа со раце и со нозе целта да ја оствари.

Текстот е сопственост на Либертас.мк

 

Денко Малески колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.