Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Повик за медиумски мрак на 3-ти Мај

0
By Сашка Цветковска on May 2, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) на трети мај, Меѓународниот ден на слободата на печатот ги повикува на затемнување на веб-страниците во знак на протест поради опасните тенденции со нов закон за медиуми да се внесе информативен мрак на интернет!

“Со аргументи дека ќе се воведе ред во онлајн медиумската сфера со новиот закон ()доаѓа сериозна опасност за политичка контрола, селекција, лиценцирање и цензура на онлајн медиумите”, се вели во повикот на ССНМ.

-Советот за човекови права при Обединетите нации правото на слободен пристап до интернет го смета за човеково право , а ние се соочуваме со озаконување на цензурата, покрај фактот што во членот 16 од Уставот на РМ изрично се вели: „Цензурата е забранета со закон“.

ССНМ аргументира со фактот дека интернет просторот никаде во демократските земји не е регулиран токму поради опасносите од широка цензура во тој простор.

“Интернетот е неограничен ресурс за кој не важат државните граници и апсурдно е нашата држава да се обиде да регулира нешто што е глобална цивилизациска придобивка,” се вели во соопштението.

-Нагласуваме дека насоките во Европската директива за аудиовизуелни медиумски услуги кои се користат како аргумент за предлог законот, се однесуваат пред сè на радиодифузерите, а не на интернет медиумите. 

-Детектираните проблеми во онлајн медиумската сфера е можно да се решат со спроведување на веќе постоечките закони (Закон за авторско право, Закон за граѓанска одговорност за клевета и навреда и т.н.), со интервенции во нив или со саморегулација во рамките на медиумската заедница.  

ССНМ ги повикува сите интернет медиуми утре, на трети Мај или денот на слободата на печатот да ги затемнат своите страници 24 часа со што ќе покажат дека не се согласуваат со предложената регулатива.

“Станува збор за генерирање темна страница со текст:

ПРОТЕСТ!!!

На Денот на слободата на медиумите 3 мај (името на веб страната)  ги затемнува содржините во знак на протест поради опасните тенденции со нов закон за медиуми да се внесе информативен мрак на интернет!
 
Доколку ви се потребни повеќе информации и доколку  се приклучувате кон нашиот протест Ве молиме да не информирате на овој маил затоа што списокот на порталите што ќе бидат затемнети ќе биде доставен до агрегаторот time.mk.”, информираат ССНМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.