Со вработувања во администрацијата ќе се ублажува социјалата.
1600 лица од социјално загрозените категории ќе се вработот во јавната администрација. За две недели се очекува да заврши процесот на проверка на кандидатите кои се пријавија на огласот, а потоа ќе биде објавен и списокот на примени кандидати.
Во функција на намалување на невработеноста министертството за труд и социјална политика објави дека сите регистрираните занаетчии, трговци поединци, односно сите фирми со по само еден вработе ќе можат да конкурираат за поволните владини кредити за стимулирање на вработувањето.
Мерката кредитирање за самовработување ги содржи следните можности и поволности :
-За дејности од помал обем за секое новоотворено работно место се доделуваат по 3.000 евра, при што ќе се финансираат проекти со најмногу 3 работни места, односно до 9.000 евра;
-За дејности од поголем обем за кредитобарателот се доделуваат 5.000 евра, а за секое новоотворено работно место по 3.000 евра, при што ќе се финансираат проекти со најмногу 5 работни места, односно до 17.000 евра;
-Рок на враќање на средствата е 3 години со вклучен грејс период од 1 година за кредит до 9.000 евра, односно 5 години со вклучен грејс период од 1 година за кредит над 9.000 евра;
-Каматна стапка од 1% на годишно ниво;