Еден работник е тешко повреден во експлозија во скопската рафинерија ОКТА. 54-годишниот В.П, се здобил со изгореници од втор степен, откако пукнал вентилот кој се обидувал да го поправи.
Истрагата открила дека инцидентот се случил кај еден од резервоарите за мазут, а од МВР велат дека наскоро ќе се знаат сите детали за инцидентот.
Од полицијата изјавуваат дека работникот имал изгореници на рацете и нозете и веднаш е пренесен во Ургентниот центар во Скопје .