Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Повредите на човековите права се побројни

27
By Менче Атанасова Точи on March 29, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Зголемен е бројот на преставки од граѓани кои реагираат бидејќи полицијата не непревземала мерки во нивните случаи. МВР не постапила по 40 случаи кои сеуште чекаат разрешница.

Народниот правобранител Иџет Мемети обелодени дека бројот на граѓаните кои бараат заштита кај нив постојано расте, а повредите на човековите права се се побројни.

Граѓаните се незадоволни од долгите судски процеси, а значително е зголемен бројот и на преставки кои се однесуваат на работата на извршителите. Минатата година до Народниот правобранител пристигнале вкупно 5220 преставки, од кои 4401 се завршени.

Во 1356 се конастирани повреди на човековите права, некои од нив сеуште се работат. Она што е забележително во последно време е и непочитување на потрошувачките права на граѓаните, а квалитетот на услугите е на ниско ниво.

Голем дел од граѓаните, вели Мемети реагирале бидејќи неможеле да го остварат своето право на инвалидска пензија, многумина не можеле да добијат социјалната помош. Но, она што загрижува е гломазната и нефункционална администрација.

„Јавната администрција не е квалитетен сервис на граѓаните, треба да се надградува и усовршува“ изјави Мемети.

Во извештајот на Народниот правобранител за 2012 година стои дека добиле 32 преставки од граѓани кои се жалеле на дискриминација при вработување, а системот за заштита на правата на децата сеуште е неефикасен.

Половината од преставките кои се однесуваат на правата на децата се однесуваат на нивната злоупотреба во семејството, а 15 проценти од нив на семејно насилство и малтретирање во училиштата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.