Вчера вечер околу 23 часот и 30 минути, повторно е каменувана куќата на активистот за човекови права и актер, Петар Стојковиќ.
Во инцидентот нема повредени и не е причинета материјална штета.
„Во 23.36 часот се случи второто каменување на мојата куќа. Станува збор за група млади луѓе кои веднаш по чинот се дадоа во бегство. Известена е полицијата која ја очекувам да пристигне“ – напиша Стојковиќ на својот Фејсбук профил.
Ова не е првпат вандали да посегаат по насилни методи со кои ја загрозуваат сигурноста на Стојковиќ.
„Полицијата дојде и го евидентираше случајот. Имам само една порака до ЛГБТ-фобите: Ме мотивирате и ме стимулирате уште поревносно да се борам за почитување и унапредување на човековите права и слободи во нашата држава“ – додава Стојковиќ.