И денешниот обид да се усвои дневниот ред на Комисијата за европски прашања, како продолжение на вчерашната седница на оваа Комисија, повторно измина во 30-минутна тензична атмосфера. Со Комисијата претседаваше заменичката на претседателот Арта Биљали Зендели, откако претседателот Арбр Адеми вчера предизвика инцидент фрлајќи со предмети по опозициските пратеници.