Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Повторно одложен судскиот процес за родилката од Дебар, одбраната на првообвинетиот бара изземање на судијата

0
By Marija Todorovska on September 9, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Основниот суд во Струга денеска повторно беше одложено судското рочиште на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето за случајот со родилката Јилдз Веапоска од Дебар, поради барање на одбраната на првообвинетиот, за изземање на судечкиот судија.

На рочиштето присуствуваа двајца, од тројцата супервештаци, на што адвокатот на гинекологот Мухамед Асани, Игор Петкоски, најпрво побара од судот тимот од тројца супервештаци заедно да го презенитраат извештајот, но најпрво да биде испрашуван гинекологот Тања Гуржанова. Откако барањето му беше одбиено од страна на судијата Јордан Јованов, тој побара негово изземање, по што најави дека ќе побара изземање и на претседателите на Судот во Струга и Апелација во Битола за предметот да биде разгледан пред Врховниот суд во Скопје.

Тој најави дека во рок од 48 часа до претседателот на Судот ќе достави писмен поднесок со детали за барањето за изземање на судечкиот судија, претседателот на Судот во Струга и на претседателот на Апелационен суд Битола.

 Не е сфатливо во 21 век, при постоење на многу пресуди на судот за човекови права во Стразбур  да разговараме за основни права на одбраната во предметот, рече Петковски, реагирајќи на одлуката на судијата извештајот од супервештачењето да биде презентиран од двајцата присутни вештаци и покрај решението за негова презентација да присуствуваат тројцата вештаци.

Јавниот обвинител Ермира Муса-Нура кажа дека исказот на двајцата присутни супер вештаци е доволен за да се разјасни супервештачењето и оти нема потреба од третиот вештак. Таа се спротивстави и на барањето за изземање на судечкиот судија.

 По толку траење на постапката денес одбраната побара изземање на судијата, барање кое можеше да го побара порано. Поради тоа судот не можеше да постапува. Ние сме против овие барања и побаравме судот да ги одбие, рече Муса-Нура.

Оштетената, родилката Јилдз Веапоска од Дебар, на која по породување со царски рез во Болницата во Струга и биле отстранети матка, јајник и бубрег излезе разочарана од судницата.

Немам веќе ни сила, ни здравје. Не сум добра психички. Во нашата држава нема ни суд, ни судии, ни правда. Срамно е докторите од супер вештачењето да доаѓаат од Скопје и наместо да има завршни зборови, судскиот процес да се одлага на неодредено, рече Веапоска.

Нејзиниот полномошник, адвокатот Сашо Јанев смета дека изземањето на судијата е дел од стратегијата на одбраната за одолговлекување и застарување на делото, но истакна оти верува во ефективноста на судот.

Верувам дека судот ќе биде брз и ефективен и оти брзо ќе се одлучи по однос на овие очајнички потези на одбраната и ќе добиеме осудителна пресуда, која толку долго ја очекуваме, рече Јанев.

Судскиот процес против тројцата лекари – гинекологот Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска, трае околу три години, а делото застарува на почетокот од идната година. Три пати почнуваше од почеток поради менување на судечките судии.

Дебар Судски процес
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.