Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Повторно судење за Теодора од Тетово која беше прегазена во 2022 година

0
By Marija Todorovska on March 3, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Тетово утре повторно ќе има судење за смртта на 23-годишната Теодора Ристовска, која животот го загуби во сообраќајна несреќа во 2022 година. Таа била прегазена од автомобил на пешачки премин и починала по неколку дена поради повредите.

Семејството на Теодора информира дека судењето почнало скоро една година подоцна во јули 2023, а во ноември по признавање на вина на возачот, тој бил осуден на три години и шест месеци затвор.

Обвинетиот поднесе жалба до Апелациониот суд во Гостивар. Како резултат на ова, Апелациониот суд ја намали казната на две години затвор.Тој поднесе барање за преиспитување на пресудата пред Врховниот суд на Северна Македонија, кој одлучи да ги укине пресудите на Основниот и Апелациониот суд и предметот го врати на повторно судење, вели Ева Ристовска, сестра на Теодора.

Семејство смета дека се соочува со неправда бидејќи возачот не одлежал ниту еден ден затвор, иако несреќата се случи пред речиси три години.

Бараме правда и транспарентност во процесот. Ние за одлуките бевме информирани од медиумите. По речиси три години правна борба, а со тоа и пролонгирање и нанесување на дополнителна болка на нашето семејство, повторно сме вратени на почеток. Се прашуваме – уште колку треба да чекаме? Уште колку треба да се бориме за нешто што е очигледно?, вели Ева Ристовска.

Теодора беше тешко повредена кога на 15 август 2022 година во неа удри автомобил „БМВ“ управуван од тогаш 49-годшниот М.П. од Голема Речица. На 18 август таа им подлегна на повредите во Клиничкиот центар во Скопје

сообраќајка судење Тетово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.