Скопскиот апелациски суд ја укина ослободителната пресуда за екс- директорот на Фондот за здравство Ѓорги Тренковски и поранешната директорка на Градски аптеки Весна Огненовска, јавува Канал 5.
Ќе им се суди повторно во кривичниот суд.
На 15 октомври лани, Тренковски и Огненовска беа ослободени со образложение дека не ги сториле кривичните дела за кои се товареа, несовесно работење во службата и злоупотреба на службена положба, односно дека не се докажало дека двојно се плаќале едни исти лекови.
Апелационите судии утврдиле суштествени повреди поради што ќе има повторен судски процес. Дел од препораките на апелација се во повторениот процес да се повикаат вештаците кои го изготвиле финансиското вештачење .