Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Брегзит тензии меѓу Брисел и Лондон: ЕУ забрани состаноци со официјалните претставници на Велика Британија

0
By Соња Крамарска on November 9, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На функционерите на ЕУ им е кажано да не одржуваат состаноци со колеги од Обединетото Кралство, освен ако тие не се строго поврзани со војната во Украина или не се „правно обрзувачки“. Овој чекор е протолкуван како најнова индикација за замрзнување на односите меѓу Брисел и Лондон.

Во белешка доставени до високи претставници на Европската комисија, во која имаше увид порталот EURACTIV, генералниот секретар на Комисијата Илзе Јухансон бара од „сите генерални директорати и служби да го информираат Генералниот секретаријат за какви било барања за билатерални состаноци од официјални претставници на Обединетото Кралство, без оглед на нивото од кое доаѓаат“.

Состаноците треба да се одржуваат само ако се „правно обврзувачки“, се однесуваат на спроведувањето на Договорот за излегување на Обединетото Кралство од ЕУ или се однесуваат стриктно на војната во Украина.

„Одбивањето на барањето за средба треба да се објасни со неодамнешните случувања во односите меѓу ЕУ и Обединетото Кралство“, додаде првиот државен службеник на Комисијата.

Брисел и Лондон се расправаат околу голем број прашања откако новиот Договор за трговија и соработка со кој се регулираат односите меѓу ЕУ и Обединетото Кралство во 2021 година стапи на сила, вклучувајќи го протоколот за Северна Ирска и пристапот на Обединетото Кралство до истражувачката програма Хоризонт Европа, при што двете страни започнаа прекршочна постапка против другиот.

Сепак, на состанокот на Парламентарното партнерство на Обединетото Кралство и ЕУ (ППА) во Лондон претходно оваа недела, потпретседателот на Европската комисија Марош Шефчовиќ рече дека не верува дека ЕУ и Обединетото Кралство се многу далеку од решавање на разликите околу спроведувањето на протоколот.

„Доколку постои политичка волја, сигурен сум дека можеме да го решиме тоа во рок од неколку недели, бидејќи нашите преговарачки тимови ги знаат овие теми од сите агли“, рече тој.

Коминикето, исто така, се однесува на владиниот нацрт-закон кој моментално поминува низ парламентот на Обединетото Кралство, кој ќе им даде на министрите овластување да го отфрлат Протоколот за Северна Ирска, „што доколку се усвои ќе биде јасно прекршување на Договорот за излегување од ЕУ и досега невидено прекршување на меѓународните обврски и доверба“, изјави Јухансон.

Извор: Еуроактив

 

Европска комисија тензии меѓу Лондон и Брисел
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.