Грчките острови Крит и Родос се зафатени од пожари, горат неколку хектари ниско стеблеста и борова шума.
Рано утрото пожарникарите успеале да го лоцираат пожарот на Крит.
Во гаснењето на пожарот на Родос учествуваат шест авиони, четири хеликоптери и најмалку 30 противпожарни возила, како и 250 пожарникари.
На Родос стигнале уште 65 пожарникари од Солун за да помогнат во гаснењето.