Пред околу еден час избувнал пожар на Клиниката за радиологија, а, за среќа вработените и пациентите од оваа установа биле навреме евакуирани, јавија неколку медиуми. Пожарот е ставен под контрола, а истрагата треба да покаже како се случил.
Првичните информации велат дека станува збор, најверојатно, за неисправна инсталација.
Во гаснењето на пожарот на клиниката учествувале четири противпожарни возила. Во пожарот, за среќа, нема повредени, а била предизвикана само материјална штета.