Голем пожар попладнево изби на отворен простор над скопското село Батинци.
Од пламените јазици зафатени се трева, грмушки и мешана шума, а поради силниот ветер, огнот се шири со голема брзина.
Скопската БППЗ работи на гаснење, набргу ќе пристигнат и два пинцгауери на ДЗС како и хеликоптерот на МВР а нешто подоцна ќе полетаат и два ер трактори на ДЗС, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.
Ангелов вели дека според првичните информации се работи за намерно подметнат пожар.
На лице место е и директорот на ЦУК, Мухамед Али.
Ситуацијата постојано се следи, а интервенциите продолжуваат со цел локализирање на пожарот“ вели Али.