Во пожарот кој утрово изби во јапонска ортопедска болница, загинаа десетина лица, соопштува јапонската полиција.
Пожарот избил во раните утрински часови во четирикатната зграда во Фукуока, а за негово локализирање на противпожарните екипи им биле потребни два часа, пренесува „Франс прес“.
Причината за пожарот се уште не е позната, а во тек е идентификација на жртвите. Локалните медиуми пренесуваат дека повеќето пациенти биле повозрасни луѓе.